мини| Саду Харидас Саду Харидас (1837) бил хинду светец од Индија од деветнаесеттиот век, кој практикувал хата јога, и кој е познат по неговата наводна моќ да го контролира своето тело целосно користејќи ја моќта на својот ум, и користејќи ја енергијата на кундалини. Неговиот најзабележителен подвиг, извршен во 1837 година, бил да го преживее погребувањето под земја, без храна и вода, четириесет дена. Се вели дека овој подвиг се случил на дворот на Махараџата од Пенџаб, Ранџит Синг, во Лахоре, Индија (денес во Пакистан).
Преживување на погребот Во 1837 година, Харидас, наводно, бил погребан во присуство на Махараџа, целиот негов двор, како и француски и британски лекари. Бил поставен во седечка положба, и бил покриен со платно кое се користело за завиткување на мртво тело. Потоа бил ставен во голема дрвена кутија, која била закована затворена и запечатена со печатот на самиот Махараџа. Потоа бил спуштен во специјално изграден свод од тули. Земја била натрупана врз дрвениот сандак, а одредот на стражата на Махараџата бил поставен да чува стража над сводот. По четворица стражари го чувале дење, а осум стражари ноќе. Четириесет дена подоцна, Харидас бил изваден во присуство на Махараџа, претставници на неговиот двор и француски и британски лекари. Неговото очигледно безживотно тело било измиено со топла вода, масирано и исчистено од ѓубрето на очните капаци и јазикот, и за кратко време тој се опоравил.
Според Клод Вејд, британскиот жител на дворот на Махараџата: „Од моментот на отворањето на кутијата до обновувањето на неговиот глас, не помина повеќе од половина час, а за уште половина час, факирот зборуваше со мене и со другите слободно, иако беше слаб, како болен човек.
Во извештајот стоело објаснување дека се разботи за хибернација, и дека „жалат што не биле забележани точните тежини на Харидас пред и по погребот“.
Наводи
Категорија:Испосништво Категорија:Јога