Ана Марија Унгарска (1204–1237) била бугарска царица, ќерка на унгарскиот крал Андреј II and Гертруда Меранска. Таа била сестра на кралот Бела IV и света Елизабета Унгарска.
Во јануари 1221 се омажила за царот Јован Асен II како негова втора жена. Нејзиниот татко бил принуден да се согласи на бракот за да биде ослободен од Бугарија, каде што бил заробен при враќањето од крстоносната војна кон крајот на 1218. Нејзиниот мираз ги вклучувал и градовите Белград и Браничево.*
Починала од чума во 1237 и била погребана во црквата на Четириесетте маченици во Трново.
Наводи
Категорија:Родени во 1204 година Категорија:Починати во 1237 година Категорија:Арпади