Агустин Фабијан Руберто (роден на 14 јануари 2006, во Буенос Аирес) е аргентински фудбалер, на и на аргентинската репрезентација под 20 години.
Клупска кариера Роден во градот Буенос Аирес, Руберто првпат се заинтересирал за фудбалот на четиригодишна возраст, кога и се приклучил на локалната младинска екипа Барио Нуево од Сан Фернандо Партидо, во провинцијата Буенос Аирес. По речиси две сезони, тој импресионираше скаут од друга младинска страна по име Парке Шас на младински турнир. Голманот на Парке Шас бил близок пријател со Руберто, и откако скаутот помогнал да се организира проба во професионалниот клуб Ривер Плејт за голманот, Руберто бил поканет да му се придружи.
Во 2011 година бил примен во академијата на Ривер Плејт, каде првично играл како централен дефанзивец, пред да биде преместен во нападот од тренер во академијата кој ја забележал неговата физичка и техничка способност. Напредувајќи низ младинските рангови на клубот, каде се покажал добро, во април 2022 бил награден со потпишување на првиот професионален договор со клубот.
Во првата недела од 2024 година, неколку дена само пред неговиот 18-ти роденден, напаѓачот го обновил својот договор со Ривер Плејт до декември 2027 година и бил приклучен во првиот тим. Дебитирал за првиот тим на 28 јануари 2024, влегувајќи како замена на местото на Игнасио Фернандес во ремито 1-1 на домашен терен со Аргентинос Хуниорс. Веќе во вториот негов натпревар, против , младиот напаѓач го постигнал својот прв гол и тоа само 15 минути по влегувањето во игра од клупата за резерви.
Репрезентативна кариера Руберто ја претставувал аргентинската репрезентација под 17 години на Јужноамериканското првенство 2023 во споменатата возрасна група. Тој го започнал турнирот со два гола во победата на Аргентина од 4–2 против Венецуела, пред да постигне гол и против Перу во победата од 3–0. Аргентина го освоила третото место на првенството.
Потоа, тој настапил со истата репрезентација на Светското првенство за играчи под 17 години 2023, каде постигнал гол во секој од првите два натпревари на Аргентина, против Сенегал во поразот од 2–1, а потоа и третиот гол во победата од 3–1 против Јапонија. Во полуфиналето против Германија, Руберто постигна гол во последната минута за израмнување на 3–3, комплетирајќи го неговиот хет-трик, само за Аргентина подоцна да загуби по изведување пенали. За време на целиот турнир, Руберто постигнал 8 гола, освојувајќи ја златната копачка.
Во јануари 2025 година, бил повикан во аргентинската репрезентација под 20 години за Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години во Венецуела. Во првиот натпревар на турнирот, Руберто го постигнал својот прв погодок во впечатливата победа со 6-0 над Бразил. Откако Аргентина се пласирала во финалната група, Руберто и таму постигнал гол во првиот натпревар, успехот со 2-1 над Чиле. Сепак, во следниот натпревар против Уругвај, тој претрпел тешка повреда на лигаментите поради која предвреме го завршил првенството на кое Аргентина на крајот го освоила второто место.
Статистика Клупска статистика Статистика е ажурирана на 26 јули 2024. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2024 ПД 14 1 КА+ЛКА 1+6 0+1 КЛ 2 0 - - 23 2 2025 ПД 0 0 КА+ЛКА 0+0 0+0 КЛ 0 0 - - 0 0Вкупно во кариерата 0 0 7 1 1 0 - - 12 1
Наводи
Надворешни врски
Агустин Руберто на transfermarkt Агустин Руберто на espn Агустин Руберто на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2006 година