мини|335x335пкс| Робова фонтана и Љубљанската катедрала во позадина. Робовата фонтана или Фонтаната на трите реки — најпознатата љубљанска фонтана направена од бел мермер, дело na скулпторот Франческо Роба од 1751 година. Франческо за малку ќе банкротирал поради долгиот процес и скапите материјали. Фонтаната ги олицетворува трите карњолски реки, Сава, Крка и Љубљаница. Фонтаната денес стои пред Градското собрание - Магистратот (седиштето на градоначалникот на Љубљана) во стара Љубљана.

Потекло Настанала по углед на римските фонтани, особено фонтаната пред Пантеон и фонтаната на Џанлоренцо Бернини, која стои на Пјаца Навона во Рим - ова е фонтаната на четирите светски реки (Дунав, Нил, Ганг и Ла Плата). Тие ги обележалe 4-те дотогаш познати континенти. Над таа фонтана се наоѓа египетски обелиск, кој Бернини го поставил на барање на папата Инокентиј X. Така, Франческо Роба издлабил имитација на обелиск на средината на самата фонтана.

За разлика од Бернини, персонификацијата на реките се помали и во повеќе статични пози. Бернини ги персонифицирал своите реки со моќни и големи фигури, украсени со соодветна биолошка средина. Разликата се должи и на различната уметничка ера. Робовата фонтана веќе преминувала во рококо и била изградена 100 години подоцна од онаа на Бернини.

Обнова и замена со реплика Робовата фонтана била обновувана неколку пати, особено по земјотресот во 1895 г. кога словенечкиот архитект Јоже Плечник додал скали. Последното реновирање било долготрајно, од 1979 г. до 2006 г, кога оригиналот беше демонтиран и пренесен во Народната галерија, а на истото место беше поставена реплика со иста големина и материјал.

Галерија

Наводи

Категорија:Згради и градби во Љубљана Категорија:Италијанска уметност Категорија:Фонтани