Љубљанската зоолошка градина () е зоолошка градина која се протега до 19,6 хектари во Љубљана, Словенија. Таа служи како национална зоолошка градина на Словенија и е отворена во текот на целата година. Зоолошката градина содржи 119 видови и (не сметајќи ги инсектите) вкупно 500 животни. мини Историја Љубљанската зоолошка градина е основана на 10 март 1949 година од страна на градскиот одбор на Љубљана. Најпрво билa сместенa во округот Центар и се преселилa на сегашната локација во 1951 година.
Во 2008 година било најавено целосно реновирање на зоолошката градина што ќе било завршено до 2016 година. Во 2009 година, нова колонија на саимри пристигнале во нивниот нов ограден простор. Истата година пристигнале нови алпаки и црвени панди. Кон крајот на 2009 година, започнала изградбата на нов заграден простор за фоки и од 2013 година зоолошката градина станала домаќин на три калифорниски морски лава. Во 2010 година и двата сибирски тигри починале од старост. Од 1996 година, биле сместени и два лава, мажјак и женка, од зоолошката градина Карлсруе. Мажјакот починал по ортопедска операција во 2011 година, а женката починала од рак во 2013 година.
Во 2011 година бил изграден нов простор за домаќинство на четири ракуни. Зоолошката градина добила и нов пар рисови. Во 2012 година пристигнале пар сибирски кранови, а во другиот дел од зоолошката градина биле поставени 40 поголеми фламинга. Во 2013 година зоолошката градина го добила првиот пар гепарди во својата историја. Дојдени биле од Борас Зоопарк во Шведска и биле сместени во поранешната заграда за сибирски тигри, која била редизајнирана. Исто така, било најавено дека нов пар сибирски тигри би пристигнале на крајот на август 2017 година.
Галерија
Наводи
Категорија:Зоолошки градини во Словенија Категорија:Знаменитости во Љубљана Категорија:Згради и градби во Љубљана