мини| Процес на активирање на ЦСПЗ: Членовите на заедницата во Гана цртаат карта на надворешна дефекација за нивната заедница. Целосна санитација предводена од заедницата (ЦСПЗ) се користи главно во земјите во развој за да се подобрат хигиенските практики во заедницата. Целта на ЦСПЗ е спонтана и долготрајна промена на однесувањето во целата заедница како и да се постигне промена на однесувањето со „активатор“ што треба да доведе до спонтано и долгорочно напуштање на практиките на надворешна дефекација, а со тоа да ги подобри хигиенските услови во заедницата и целокупното здравје. Терминот „активатор“ се однесува на начини на мотивирање на заедницата за ставање крај на надворешната дефекација, обично со изградба на едноставни тоалети(pit latrines) . ЦСПЗ има двоен ефект: тој вклучува активности кои водат до зголемена самопочит и гордост на личноста во заедницата, а исто така поттикнуваат срам и одвратност за сопствените навики на дефекацијата. ЦСПЗ им олеснува на заедниците да го препознаат проблемот со отворената дефекација и да преземат колективна акција за да се исчистат и да престанат со надворешна дефекација.

Концептот беше развиен околу 2000-та година од Камал Кар за руралните области во Бангладеш. ЦСПЗ стана воспоставен пристап околу 2011 година. Невладините организации честопати беа во водство кога ЦСПЗ првпат беше воведен во една земја. Локалните власти може да ги наградуваат заедниците со тоа што ќе ги потврдат со статус „Без Надворешна Дефекација“ (БНД) (ODF-"Open Defecation Free" на англиски). Оригиналниот концепт на ЦСПЗ намерно не вклучуваше субвенции за тоалети бидејќи тие може да го попречат процесот.

ЦСПЗ се практикува во најмалку 53 земји и е прилагоден на урбаниот контекст. Заедно со ова, исто така се применува и во фрагилни држави и држави кои се во вонредна состајба.Greaves, F. (2016) 'CLTS in Post-Emergency and Fragile States Settings', Frontiers of CLTS: Innovations and Insights 9, Brighton: IDS

Предизвиците поврзани со ЦСПЗ вклучуваат ризик од прекршување на човековите права во заедниците, ниски стандарди за тоалети и загриженост за последици од долготрајно користење. ЦСПЗ во принцип е компатибилен со пристапот за санитација заснован на човекови права(HRWS на англиски), но има примери на лоша практика во името на ЦСПЗ. Поригорозно тренирање на практичарите на ЦСПЗ, персоналот за јавно здравје и локалните водачи на теми како што се свесноста за општествените норми и веќе постоечките нееднаквости се важни. Луѓето кои се обесправени треба да имаат корист од ЦСПЗ програмите исто толку ефективно како и оние кои не се обесправени.

Дефиниции Надворешна дефекација е практика на дефекација на надворешен простор, наместо користење на тоалет.

„Без Надворешна Дефекација“ (ODF-"Open Defecation Free" на англиски). е централен термин за програмите за целосна санитација (ЦСПЗ) предводена од заедницата. Тоа првенствено значи искоренување на отворената дефекација во целата заедница. Меѓутоа, БНД може да вклучи и дополнителни критериуми, како што се:Cavill, S. with Chambers, R. and Vernon, N. (2015) 'Sustainability and CLTS: Taking Stock', Frontiers of CLTS: Innovations and Insights Issue 4, Brighton: IDS, , p. 18

Тоалетите за домаќинството се хигиенски, обезбедуваат безбедно задржување на изметот, нудат приватност и покрив за заштита на корисникот, имаат капак за покривање на дупката или заптивка за вода за тоалетите. Сите членови на домаќинството и сите членови на заедницата ги користат овие тоалети. Во близина се наоѓа објект за миење раце со вода, сапун или пепел и се користи редовно.

Построгите критериуми кои може да се бараат пред на заедницата да и се додели „БНД“ може да вклучуваат:

Безбедна вода за пиење и складирање. Хигиена на храната. Отстранување на сива вода. Управување со цврст отпад. Обезбедување на тоалети за училишта, пазари, клиники или посетители на заедницата.

Наводи

Категорија:Санитација Категорија:Канализација