Јужноамериканско првенство за играчи под 20 години 2025 било 31-вото издание на Јужноамериканско првенство за играчи под 20, натпреварување кое се игра на секој две години, а е организирано од КОНМЕБОЛ за машките фудбалски репрезентации за играчи под 20 години од Јужна Америка. Првенството се одржало во Венецуела од 23 јануари до 16 февруари 2025.
Исто како и претходните изданија, турнирот ќе има квалификациска улога за КОНМЕБОЛ репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство за играчи под 20 години. Најдобрите четири репрезентации ќе се квалификуваат за Светското првенство под 20 години 2025 во Чиле како претставници на КОНМЕБОЛ, покрај Чиле кои автоматски се квалификувале како домаќин (ако Чиле биле меѓу најдобрите четири селекции, петтопласираната екипа на ова првенство, исто така, ќе се квалификувала за Светското првенство под 20 години).
Бранител на титулата била репрезентацијата на Бразил. На 16 февруари 2025, во рамките на натпреварите од последното коло на финалната фаза, бразилците ја одрбаниле титулата благодарение на победата од 3-0 над Чиле, но и поразот на нивниот најголем конкурент Аргентина од Парагвај.
Формат Турнирот е поделен во две фази: во првата десетте екипи се соочуваат меѓусебе во две групи од по 5 екипи кои играат меѓусебе секој против секого по еден натпревар, за на крајот трите првопласирани селекции од секоја од двете групи да се пласираат во следната фаза. Во втората фаза шестте квалификувани екипи се соочуваат едни против други, играјќи меѓусебе пак секој против секого по еден натпревар. На крајот на втората фаза екипата која ќе освои најмногу бодови во групата се прогласува за победник на првенството.
Како и претходните изданија, и овојпат турнирот ќе служи како квалификациски натпревар на КОНМЕБОЛ за Светското првенство за играчи под 20 години. Најдобрите четири репрезентации ќе се квалификуваат за Светското првенство под 20 години во Чиле како претставници на КОНМЕБОЛ, покрај Чиле кои автоматски ќе се квалификуваат како домаќини (ако Чиле биде меѓу првите четири селекции на крајот, тоа значи дека петтопласираната екипа на ова првенство, исто така, ќе се квалификува за Светското првенство под 20 години).
Избор на домаќин Првична земја домаќин На 10 април 2024 година, за време на состанокот на Советот на КОНМЕБОЛ, претседателот Алехандро Домингес објавил дека Перу ќе биде домаќин на изданието во 2025 година, со Арекипа како град домаќин. Перуанската фудбалска федерација ја доставила до КОНМЕБОЛ понудата за организирање на ова натпреварување во март 2024 година.
Со трите стадиони минимум што ги барал КОНМЕБОЛ, првично биле разгледани четири можни локации: Стадион Монументал Вирхен де Чапи, Стадион Мелгар, Стадион Ла Томиља и Стадион Мунисипал де Сачака, при што на последните три им требале значителни подобрувања за да бидат домаќини на натпреварите. Во октомври 2024 година, било објавено дека Лима ќе биде додадена како град домаќин поради недостаток на соодветни стадиони во Арекипа, при што првата етапа се планира да се одржи во Лима, а последната етапа да се одржи во Арекипа.
На 13 ноември 2024 година, локалните перуански медиуми објавиле дека Перу го загубил домаќинството на турнирот, веројатно поради институционална нестабилност во Перуанската фудбалска федерација како резултат на апсењето на нејзиниот претседател Агустин Лосано една недела порано.
Венецуела, нов домаќин На 15 ноември 2024 година, КОНМЕБОЛ објавил некои промени во својот натпреварувачки календар за 2025 година во писмо испратено до своите здруженија и членки, потврдувајќи ја Венецуела како нов домаќин на Јужноамериканското првенство У-20, заменувајќи го Перу. На овој начин, Венецуела морала да се откаже од организацијата на Јужноамериканското првенство за играчи под 17 години 2025 за кој претходно била назначена, оставајќи ја таа должност на Колумбија.
Претседателот на Венецуелската фудбалска федерација, Хорхе Хименес, објавил дека потенцијалните градови домаќини ќе бидат Баркисимето, Валенсија, Пуерто Ла Крус и Матурин. Овие градови домаќини бил потврдени од КОНМЕБОЛ при објавувањето на распоредот на натпреварите на турнирот, со исклучок на Матурин, кој бил заменет со Каракас.
Учесници На турнирот учествувале десетте репрезентации членки на КОНМЕБОЛ:
(бранител на титулата) (земја домаќин)
Стадиони и градови БаркисиметоСтадион Метрополитано де КабудареКапацитет: 40.312ВаленсијаСтадион Мисаел ДелгадоКапацитет: 10.400Пуерто Ла КрусКаракасСтадион Хосе Антонио АнсоатегиСтадион Бригидо ИриартеОлимпико УЦВКапацитет: 37.485Капацитет: 10.000Капацитет: 24.264
Состави
Играчите родени помеѓу 1 јануари 2005 и 31 декември 2009 година (на возраст од 16 до 20 години) имале право на учество. Секоја репрезентација може да пријави тим од 23 играчи (од кој тројца мора да бидат голмани).
Судии За натпреварувањето биле избрани 11 судии, по еден од секоја федерација, меѓу кои и судија од италијанската федерација. По втор пат, судиски тим на УЕФА учествувал на Јужноамериканско фудбалско првенство за играчи под 20 години, како дел од меморандумот за разбирање на УЕФА-КОНМЕБОЛ потпишан во февруари 2020 година, кој вклучувал програма за размена на судии.
Максимилијано Рамирес Асистент 1: Пабло Гонсалес Асистент 2: Пабло Асеведо Кристијан Алеман Асистент 1: Карлос Тапија Асистент 2: Рубен Флорес Пауло Сесар Ѕановели Асистент 1: Наилтон Соуса Асистент 2: Луандерсон де Лима Хосе Каберо Асистент 1: Хуан Серано Асистент 2: Алехандро Молина Џон Инестроса Асистент 1: Мигел Ролдан Асистент 2: Давид Фуентес Алекс Кахас Асистент 1: Едисон Васкес Асистент 2: Денис Гереро
Дерлис Лопес Асистент 1: Хосе Виљагра Асистент 2: Луис Ониева Мајкл Еспиноса Асистент 1: Стивен Аточе Асистент 2: Коти Катера Матијас Де Армас Асистент 1: Аугустин Берисо Асистент 2: Орасио Фереиро Јендер Ерера Асистент 1: Антони Гарсија Асистент 2: Хосе Мартинес Андреа Коломбо Асистент 1: Џовани Бачини Асистент 2: Давиде Империјале
Ждрепка Прва ждрепка Првобитното извлекување на турнирот било одржано на 29 октомври 2024 година, 12:00 часот PYT (UTC−3), во седиштето на КОНМЕБОЛ во Луке, Парагвај. Десетте репрезентации биле извлечени во две групи од по пет екипи. Домаќинот Перу и бранителот на титулата Бразил биле распоредени во Групата А и Групата Б, соодветно и доделени на позицијата 1 во нивната група, додека останатите екипи биле ставени во четири „шешири во парови“ според нивната конечна позиција на Јужноамериканско првенство во фудбал за играчи под 20 години 2023 (прикажано во заграда).
НосителиШешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4 Од секој шешир, првата извлечена екипа била сместена во групата А, а втората извлечена екипа била сместена во групата Б. Во двете групи, екипите од првиот шешир биле распоредени на позиција 2, екипите од вториот шешир на позиција 3, екипите од третиот шешир на позиција 4 и екипите четвртиот шешир на позиција 5.
Првобитното извлекување ги донело следните групи:
+ ГрупаРепрезентацијаА1А2А3А4А5+ Група БРепрезентацијаБ1Б2Б3Б4Б5
Втора ждрепка Како резултат на промената на земјата-домаќин, КОНМЕБОЛ одлучил да одржи второ извлекување на 6 декември 2024 година според истите процедури како и претходната, но со ажурирани носители и шешири.
НосителиШешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4
Со втората ждрепка биле добиени следните групи:
+ Група AРепрезентацијаA1A2A3A4A5+ Група БРепрезентацијаБ1Б2Б3Б4Б5
Прва фаза Првопласираните три репрезентации во секоја група се пласирале во финалната фаза.
Правила за одредување на позициите Во првата фаза, екипите биле рангирани според освоените бодови (3 бода за победа, 1 бод за нерешено, 0 бодови за пораз). Доколку бројот на бодовите е изедначен, правила за одредување на позициите биле применети по следниот редослед: Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Бодови во меѓусебните натпревари помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Гол разлика во меѓусебните натпревари помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Постигнати голови во меѓусебните натпревари помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Гол разлика во сите натпревари во групата; Голови постигнати во сите натпревари во групата; Помалку добиени црвени картони; Помалку добиени жолти картони; Извлекување на ждрепка.
Сите времиња на натпревари се во VET (UTC−4), како што е наведено од КОНМЕБОЛ.
Група A Табела Репрезентација 1. 9 4 3 0 1 10 2 +8 2. 9 4 3 0 1 5 8 -3 3. 6 4 2 0 2 7 7 0 4. 6 4 2 0 2 6 3 +3 5. 0 4 0 0 4 3 11 -8
Резултати
Група Б Табела Репрезентација 1. 10 4 3 1 0 6 3 +3 2. 8 4 2 2 0 8 1 +7 3. 6 4 2 0 2 5 10 -5 4. 4 4 1 1 2 4 5 -1 5. 0 4 0 0 4 4 8 -4
Резултати
Финална фаза Табела Репрезентација која се квалификувала за Светското првенство под 20 години 2025 Репрезентација која се квалификувала за Светското првенство под 20 години 2025 како домаќин
Репрезентација 1. 13 5 4 1 0 9 2 +7 2. 10 5 3 1 1 10 8 +2 3. 9 5 3 0 2 10 4 +6 4. 9 5 3 0 2 7 10 -3 5. 1 5 0 1 4 5 10 -5 6. 1 5 0 1 4 4 11 -7
Резултати
Победник Победник на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2025Бразил13. титула
Листа на стрелци
8 гола Нејсер Виљареал
6 гола
Клаудио Ечевери
5 гола
Хуан Франсиско Росел
4 гола
Маер Карисо
3 гола
Ијан Субиабре
Деивид Вашингтон
Лука Кмет
Ренцо Мачадо
2 гола
Агустин Руберто Хаиро Рохас Јаго Педро Рајан
Кервин Андраде Ален Обандо Кенер Гонсалес Оскар Переа Анхел Агуајо
Октавио Алфонсо Гадиел Паоли Хуан Пабло Гојкочеа Естебан Кручи Хоакин Лавега
Гонсало Петит Алехандро Северо Емилијано Рамос
1 гол
Сантјаго Идалго Тео Родригес Пагано Патрик Родригес Гилмар Сентеља Брено Бидон Густаво Прадо Габриел Москардо Рикардо Матијас
Алисон Сантана Мигел Вегас Леандро Родригес Бјанејдер Тамајо Кени Аројо Кендри Паес Џордан Барера Ројнер Бенитес
Џон Монтањо Карлос Сарабија Тијаго Кабаљеро Давид Фернандес Диего Леон Баско Сојер Херман Барбас Патрисио Пасифико
Хуан Родригес Агустин Арсе Игнасио Васкес Иван Роман Патрисио Ромеро
автоголови
Игор Сероте (против Аргентина)
Бриан Аријас (против Венецуела)
Хуан Франсиско Росел (против Уругвај)
Наводи
Надворешни врски Јужноамериканско првенство во фудбал за играчи под 20 години 2025 на страната на КОНМЕБОЛ
2025 Јужноамериканско првенство за играчи под 20 години