Вселенски војници () — американски научнофантастичен филм од 1997 г. во режија на Пол Верховен, заснован на истоимениот роман на Роберт Хајнлајн. Во филмот глумат Каспер ван Дин и Дениз Ричардс.
Филмот, кој припаѓа на жанрот воена научна фантастика, опишува вселенска војна меѓу Земјаните и инсектосличните вонземјани — „Арахнидите“. Неговиот главен лик, Џони Рико, се приклучува во редовите на „Вселенските војници“, и, учествувајќи во битки со Арахниди на други планети, се издигнува од редов во офицер. Иако филмот ги позајмува имињата на ликовите и голем број сижетни точки од романот, неговото целокупно настроение се разликува од книжевниот извор: додека некои критичари го обвиниле романот на Хајнлајн дека промовира милитаризам, па дури и фашистичка идеологија, филмот, според планот на Верховен, требало да биде сатиричен и антивоен.
Буџетот на филмот бил од 100 до 110 милиони долари, а заработил 55 милиони долари во САД и 121 милион долари ширум светот.
Содржина Во далечната иднина, средношколците се охрабруваат да станат граѓани со приклучување во војска. Она што не го знаат е дека наскоро ќе бидат вклучени во целосна војна против планетата од вонземјански инсекти. Борбата е за да се осигура безбедноста на човештвото.
Улоги
|Каспер ван Дин |Џони Рико |- |Дениз Ричардс |Кармен Ибанес |- |Мајкл Ајронсајд |Џин Расчак |- |Дина Мајер |Дизи Флорес |- |Нил Патрик Харис |Карл Џенкинс |- |Џејк Бјуси |Ејс Леви |- |Патрик Малдун |Зандер Баркалоу |- |Кленси Браун |наредник Зим |- |Маршал Бел |генерал Овен |- |Кристофер Кари |Бил |- |Сет Гилијам |Шугар Воткинс
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Американски младешки филмови Категорија:Американски сатирични филмови Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски научнофантастични авантуристички филмови