мини|Членовите на Франкфуртската мафија се по потекло од градот Велес Франкфуртска мафија — криминална група од Велес, која се занимавала со трговија со хероин во Франкфурт, Германија и Виена, Австрија.

Основање и дејност Криминалната група била основана во средината на 90-тите од велешани. Групата главно ја сочинувале македонски државјани од Велес. Борис Рајн, министерот за внатрешни работи на Хесен, изјавил дека франкфуртската мафија држи околу 90% од пазарот на трговија со дрога во Франкфурт повеќе години. Франкфуртската мафија контролирала 19 од 24 блока во трговијата со дрога во Виена користејќи разузнавачки методи. Според официјални лица, групата ја презела контролата врз трговијата со хероин во Франкфурт и Виена за краток временски период со насилно протерување на ривалските банди.

Во септември 2010 година, водач на групата бил убиен во рибен ресторан. Во меѓународна акција македонската, германската и австриската полиција во 2010 година уапсиле околу 400 лица. Според полицијата, запленети биле 170 килограми хероин во Германија и 26,3 килограми во Австрија. Македонската полиција започнала акција во Велес и Гевгелија, Свети Николе и Скопје. Околу 350 полицајци учествувале во рации во домови, ресторани и кафулиња. Според полицијата, биле најдени поголема сума пари, дрога и други предмети. Кривичниот суд во Скопје на водачите на групата им изрекол казна затвор и условни казни во 2012 година. Во заедничка акција во 2013 година, македонската и германската полиција уапсиле околу 50 лица. Според македонската полиција, три лица останале во бегство. Македонската полиција уапсила лица во Скопје, Велес, Битола, Свети Николе, Штип и Струга. Според Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал: „Иако 450 луѓе завршиле зад решетки, групата се уште е активна и едноставно ја променила тактиката“.

Наводи

Категорија:Велес Категорија:Мафија Категорија:Злосторство во Македонија