Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Брестечкиот манастир во штипското село Брест, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на половина пат кон селото Брест од исклучувањето од регионалниот пат 1204, сместена од неговата десна страна.

Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.

Историја

Според Археолошката карта на Македонија, оваа црква била подигната на постари темели во 1923 година, откако на нејзино место се наоѓа истоимената средновековна црква.

Според податоците на Брегалничката епархија, црквата била изградена во 1994 година и била осветена истата година на 15 мај од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Галерија

Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Брест

Наводи

Надворешни врски

Брест Категорија:Брестечки манастир