Коскена томахавка () — американски вестерн филм на ужасите во режија на С. Крег Залер. Филмот го означува режисерското деби на Залер, кој го напишал и сценариото и музиката. Во филмот играат Курт Расел, Патрик Вилсон, Метју Фокс и Ричард Џенкинс. Премиерата на филмот во САД се одржала на 23 октомври 2015 г.
Содржина Сомнителен странец е застрелан во ногата и затворен од шерифот. Непознато за него и за жителите на градот, странецот и неговиот партнер навредиле човекојадско племе. Подоцна, странецот, заменик-шериф и лекарка, која се грижела за ранетиот странец, се грабнати од дивите племенски припадници. Шерифот оди во спасувачка мисија заедно со неговиот резервен заменик, револверист и сопругот на лекарката. Пред да заминат на оваа мисија, сите тие се предупредени за дивите племеници.
Улоги
|Курт Расел |шериф Френклин Хант |- |Патрик Вилсон |Артур О'Двајер |- |Метју Фокс |Џон Брудер |- |Ричард Џенкинс |заменик-шериф Чикори |- |Лили Симонс |Саманта О'Двајер |- |Еван Џонигкајт |заменик-шериф Ник |- |Дејвид Аркет |Первис |- |Сид Хејг |Бади |- |Џино Сеџерс |човекојадецот со вепарските заби |- |Фред Меламед |Кларенс |- |Кетрин Морис |Лорна Хант |- |Шон Јанг |госпоѓа Портер |- |Еди Спирс |човекојадецот со томахавката |- |Џејмс Толкан |пијанистот |- |Ро Лејба |човекојадецот со волчи череп |- |Мајкл Паре |господин Волингтон |- |Џејмисон Њуландер |градоначалникот |- |Зан Макларнон |професорот |- |Џеј Таваре |острозабиот човекојадец
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски вестерни Категорија:Американски хорор-филмови