Нада Бошева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Како напредна младинка била член на „Женската потрошувачка кооперација“ во Битола, со која активно работела на собирање и организирање на жени во Антифашистичкиот фронт. Од летото 1941 година била член на просветна група. Агитирала меѓу жените и младинките за учество во НОД, собирала народна помош, приготвувала зимница за борците. Вршела курирска работа, пренесувалa пошта во Прилеп и Охрид. Нејзиниот дом служел за одржување состаноци и престој на илегалци. Со формирањето на АФЖ во Битола 1944 година, активно работела во организацијата.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ