десно|страница=160|мини|410x410пкс| Воведниот дел на Крштевањето на Савица Крштевањето на Савица () — долга двопартитна епско-лиричка поема напишана од словенечкиот романтичарски поет Франце Прешерн. Според литературниот историчар Марко Јуван, ова дело може да се смета за словенечка национална епика. Тоа е нарација за еден херој и жената која ја сака во времето на насилната христијанизација на претците на Словенците.
Создавање и објавување Поемата била напишана со Бохоричовото азбука од јули 1835 до јануари 1836 и самопечатена на 14 април 1836. Била отпечатена во 600 примероци во Љубљана од Јозеф Бласник.
Структура Поемата се состои од повеќе од 500 стиха и има три дела. Првото дело од поемата, додадено приближно десет години подоцна, е сонет кој го посветува делото на починатиот пријател на Прешерн, Матија Чоп. Вториот дел, Воведот (Увод), ја опишува последната битка меѓу христијаните и паганските Славјани, предводени од херојот Чртоми. Се состои од 25 строфи од три стиха и една од четири стиха и директно преминува во третиот дел на поемата, Крстот (Крст), кој се фокусира на повторното соединување на Чртоми и Богомила, која била свештеничка на божицата Жива, но сега е христијанка. Таа го убедува Чртоми да се крсти и тој. Третиот дел се состои од 53 осмици. Овој дел има помал епски карактер од вториот, бидејќи главно се фокусира на емоциите на поединците. Темите на епот вклучуваат словенечки идентитет во контекст на преоѓањето на нацијата во христијанство.
Прикази мини|250x250пкс| Збогум, релјеф од Иван Зајец на споменикот Прешерн во Љубљана Мотив од песната е прикажан во бронзениот релјеф на десната страна на постаментот на споменикот на Прешерн на плоштадот Прешерн, главниот плоштад во Љубљана. Насловен е Збогум ( ) или Чртомир и Богомила ( ). Создаден е од скулпторот Иван Зајец во 1901 година.Има класицистичка композиција, реалистичен кадар, импресионистички финален шмек и со својата содржина ја нагласува романтичната поезија на Прешерн.
Музички аранжмани
Хрватскиот композитор Божидар Широла (1889–1956) ја искористил песната за либрето на неговата кантата Крштевањето на Савица. Во 1920 година, словенечкиот композитор Славко Остерц (1895–1941) користел мотиви од поемата за неговата симфониска слика „Крштевањето на Савица“. За прв пат изведена на 22 февруари 1921 година во Птуј од Мариборската воена музика ( ) оркестар, тоа беше неговото прво дело кое беше претставено на концерт. Истиот оркестар го изведе и на 22 април во Цеље во поддршка на изградбата на . До август 1921 година напишал и неоромантична опера со истиот наслов, но таа никогаш не била изведена. Либретото го напишале Остерц и просветителот од Марибор Густав Шилих. Поемата е искористена за најголемиот дел од либретото на камерната опера Крштевањето на Савица, напишана во 2015 година од словенечкиот композитор Том Коби (роден 1988 година). Била поставена во соработка со мешаниот хор „Ѓорѓи Слатконија“ од Ново Место, а премиерно бил изведен со голем успех во културниот центар на градот, во ноември 2015 година.
Наводи
Категорија:Поезија од Франце Прешерн Категорија:Поеми