Замок Мокрице (словенски: grad Мокрица,) е средновековен замок на југозапад од Брежице, Словенија, лоциран на рид во северниот дел на населбата Раец во Горјанските ридови, близу до хрватската граница. Првиот пат бил споменат во 1444 година, а бил реконструиран во 16-тиот век и во 1941 година. Замокот припаѓал на многу благороднички семејства, а најважни биле Ердеѓи и Ауершперг. По Втората светска војна, бил пренаменет во хотел со ресторани, а во 1988 година на неговото имение бил изграден голф терен. Во истата година, англиската поп група Пет Шоп Бојс го користела овој замок за снимање на спотот за нивната песна Срце. мини| Внатрешност

Категорија:Хотели во Словенија Категорија:Општина Брежице