Зојица Буклеска - Рошкова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Нејзиното семејство со почетокот на вооруженото востание земало активно учество во заднината на НОД. Во нивниот дом се одржувале илегални состаноци и престојувале илегалци, а Зојица била задолжена да врши одредени задачи во заднината на Кичево. Во пролетта 1942 година била член на воспитна група со задача да собира народна помош и да растура пропаганден материјал. Кон крајот на истата година била примена за член на СКОЈ. Формирала и раководела неколку младински воспитни гpупи. Во есента 1943 година била примена за член на КПМ и била член на проширениот aктив во градот и член на Месниот Комитет на СКОЈ, со задача да организира младински групи по селата и да префрла илегален материјал.
Поврзано Елиница Буклеска Севастија Буклеска
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ