Канонот на видео игри е список на видео игри што треба да се разгледаат за зачувување од Конгресната библиотека. „Њујорк тајмс“ го опишал создавањето на оваа листа како „тврдење дека дигиталните игри имаат културно и историско значење“. Канонот на игрите е моделиран според напорите на Националниот одбор за зачувување на филмови, кој произведува годишен список на филмови кои последователно се додаваат во Националниот филмски регистар, кој исто така е управуван од Конгресната библиотека. Одборот за канонски игри ги вклучува Хенри Ловуд, дизајнерите на игри Ворен Спектор и Стив Мерецки, Матео Битанти и новинарот на Joystiq Кристофер Грант.
Историја Проектот го започнал Хенри Ловуд, куратор на Збирките за историја на наука и технологија на Стенфордскиот универзитет. Тој почнал да ги зачувува видео игрите и артефактите од видеоигри во 1998 година, а во годините што следеле, забележал дека видео игрите се нешто што вреди да се зачува. Хенри Ловуд го поднел предлогот до Конгресната библиотека во септември 2006 година, а за време на Конференцијата за изработувачи на игри во 2007 година, тој го објавил канонот на игрите.
Во септември 2012 година, Конгресната библиотека имала веќе 3.000 игри од многу платформи и исто така околу 1.500 водичи за стратегии.
Список на разгледувани игри Првичната листа се состоела од 10 видео игри од кои секоја се сметала дека го претставува почетокот на жанрот кој сè уште е од витално значење во индустријата за видео игри.
Spacewar! - вселенска борбена видео игра од 1962 година Star Raiders – вселенска борбена видео игра од 1980 година Zork – авантуристичка игра базирана на текст, од 1977 година Тетрис – логичка игра од 1985 година SimCity – видео игра со симулација на градење град од 1989 година Super Mario Bros. 3 – платформска игра од 1988 година Цивилизација и Цивилизација II – 4X стратегиски видео игри од 1991 и 1996 година Doom – пукачка игра од прво лице од 1993 година Серија Warcraft – серија стратешки игри во реално време кои започнале во 1994 година Sensible World of Soccer – фудбалска видео игра од 1994 година.
Наводи
Категорија:Видеоигрена култура