Свети Петар и Павле — главна селска црква во штипското село Лакавица, Македонија.
Црквата во 2024 година била уште во изградба.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, сместена на возвишението помеѓу регионалниот пат 1204 (Штип-Радовиш) и новиот експресен пат на А4.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Камен-темелникот за црквата бил поставен на 12 септември 2004 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Агатангел.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Лакавица
Наводи
Надворешни врски
Лакавица