До зори () — американски филм на ужасите што потекнува од играта Until Dawn од 2015 г., сместен во истата вселена и содржи оригинална самостојна приказна што се проширува на митологијата на серијата игри. Филмот е режиран од Дејвид Ф. Сандберг по сценарио на Блер Батлер и Гери Доберман. Во него играат Ела Рубин, Мајкл Чимино, Одеса Ејзајон, Џи Јонг Ју, Белмонт Камели и Питер Стормар, кои се појавија во играта.

Премиерата на филмот во САД била на 25 април 2025 г., а во Македонија на 24 април истата година.

Содржина Една година по таинственото исчезнување на нејзината сестра Мелани, Кловер и нејзините пријатели се впуштаат во оддалечената долина каде што исчезнала сестра ѝ, очајни за одговори. Но нивната потрага добива смртоносен пресврт кога ќе бидат жестоко убиени — само за да се разбудат на почетокот на истата кобна ноќ. Заробени во бескраен циклус на ужас, тие мораат да го преживуваат кошмарот одново и одново, само секојпат, убиствената закана е различна, секоја пострашна од претходната. Нивната единствена надеж за бегство? Да преживеат до зори.

Улоги

|Ела Рубин |Кловер |- |Мајкл Чимино |Макс |- |Одеса Ејзајон |Нина |- |Џи Јонг Ју |Меган |- |Белмонт Камели |Абел |- |Маја Мичел |Мелани |- |Петер Стормаре |Хил

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови