Крка, Ново Место е меѓународна генеричка фармацевтска претпријатие со седиште во Ново Место, Словенија. Во 2023 година, вкупната продажба на Групацијата Крка изнесувала 1,806 милијарди евра. Нето добивката на Групацијата Крка изнесувала 313,7 милиони евра. Крка продава производи во повеќе од 70 земји. Во Словенија претпријатието има производствени места во Лочна и Бршљин (и двете во Ново Место), Кршко, Шенџернеј и Љутомер; неколку одделенија се распространети и низ различни делови на Љубљана. Крка има и производствени и дистрибутивни центри во Русија, Полска, Хрватска и Германија. На крајот на 2023 година, Групацијата Крка имала 12.753 вработени. мини|Седиште во Ново Место
Активности и производи Бизнисот на Крка се заснова на фармацевтски и хемиски активности. Фармацевтските производи на рецепт остануваат нејзина главна група производи, со 81,7% удел во вкупната продажба на Групацијата Крка во 2023 година. По нив во обемот на продажба следат производите без рецепт (9,9%) и производи наменети за здравје на животните (5,8%).
Крка прави широк спектар на фармацевтски препарати на рецепт кои се користат при лекување на кардиоваскуларни заболувања, болести на дигестивниот тракт, болести на централниот нервен систем, за болка, дијабетес-шеќер и згрутчување на крвта. Претпријатието произведува и лекови за онкологија, лекови за системски третман на инфекции, лекови за лекување на болести на крвта и органите кои формираат крв, лекови за болести на уринарниот тракт како и лекови за болести на респираторниот систем .
Производите на Крка без рецепт се насочени кон спречување на болести и лекување на помали болести кои не бараат лекарска помош. Некои поглавни групи лекови се лековите за кашлица и настинка, витамини и минерали, лековите против болки, лековите за лекување на болести на дигестивниот тракт и метаболички нарушувања, лековите за алергии и производи за подобрување на меморијата и концентрацијата.
Главните ветеринарни производи за здравјето на животните на Крка се наменети за домашни миленици: антипаразитски лекови, лекови против болки и лекови за лекување на инфекции. Претпријатието, исто така, произведува лекови за лекување на животни од фарма.
Деловната линија на Крка има и здравствени и туристички услуги на подружницата, Групацијата Терме Крка. Тука спаѓаат деловните единици на бањските комплекси и хотели Терме Долењске Топлице, Терме Шмарјеше Топлице, крајбрежниот центар Таласо Струњан и хотелите Оточец . Основната дејност на Терме Крка е медицинската рехабилитација по болести на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, како и проблеми со подвижноста. мини|Витамински апчиња Дуовит
Пазари и деловна мрежа Крка е меѓународно претпријатие, која продава 94% од своите производи во повеќе од 70 земји во светот. Гранките и претставништва се присутни на најважните пазари, а производствените капацитети се сместени и во Русија, Полска, Хрватска и Германија.
Крка ги пласира своите лекови во Руската Федерација, Полска и Германија. Регионот Источна Европа е најголемиот продажен регион на Групацијата Крка, кој претставува 33,0% од вкупната продажба. Следи Регионот Средна Европа со 22,1% од вкупната продажба, Регионот Западна Европа со 20,5% од вкупната продажба и Регионот Југоисточна Европа со 14,3% од вкупната продажба. Во Словенија, Крка остварила 6,2% од вкупната продажба. Производите на Крка се достапни и на Блискиот и Далечниот Исток, Африка и Америка. Регионот на прекуокеанските пазари учествувала со 4,2% од вкупната продажба.
Истражување и развој Крка развива генерики. Претпријатието првенствено синтетизира познати активни состојки преку сопствени процеси. Воедно произведува комбинации од една таблета кои содржат две или повеќе активни состојки, на тој начин што на пациентите им да примаат двојна или тројна терапија во една доза.
Производите се продаваат под брендовите на Крка.
Историја Крка е изградена на долга традиција на фармација во областа Ново Место. Првите аптеки почнале да се отвараат зад манастирските ѕидини во овој регион уште во 12 и 13 век. До 15 век во Ново Место била создадена манастирска аптека. Првата регионална аптека во Ново Место е основана во 1570 година со поддршка од регионалните власти. Со неа управувал Питер Клаус, кој работел како асистент фармацевт. Оваа аптека останала во континуитет 380 години, до 1950 година, кога била национализирана и преименувана во градска аптека Ново Место.
Фармацевтската лабораторија Крка е создадена во 1954 година на иницијатива на Борис Андријанич, кој во тоа време раководел со аптеката Ново Место. Првично имало само девет работници кои биле вработени, но за две години веќе прерасна во фармацевтска фабрика. Иако првите лекови биле регистрирани на домашниот пазар, Крка почнала да се пробива на странските пазари веќе во 1960-ти години.
Во раните 1980-ти години, Крка го префрлила својот фокус на развој на сопствени генерички производи. Почнала да ја шири својата меѓународна маркетинг мрежа, значително зајакнувајќи ја својата позиција на европските пазари. Во текот на овој период, Крка интензивно го зголемувала производствениот капацитет и инвестираше во истражување и развој.
Категорија:Словенечки компании