Евалд Флисар (роден на 13 февруари 1945 година) е словенечки писател, поет, драматург, уредник и преведувач. Тој бил претседател на Друштвото на словенечките писатели во три последователни мандати помеѓу 1995 и 2002 година и е главен уредник на литературното и културното списание Содобност.

Биографија Флисар е роден во 1945 година во Герлинци во регијата Прекмурје во источна Словенија. Средното образование го завршил во Мурска Собота и студирал компаративна литература на Универзитетот во Љубљана, англиски јазик и англиска литература на Чисвик Политехника во Лондон и некое време во Австралија. Многу од неговите книги се патописи, а тој е и признат драмски автор. Во 1993 година ја добил наградата на Фондацијата Прешерн за својот патопис Патник во кралството во сенка, и неговите драми Што е со Леонардо? Утре ќе биде подобро.

Објавени дела Флисар објавувал раскази, романи, драми, патописи, поезија и детска литература, започнувајќи од 1966 година. Меѓу другите негови дела: Симфонија поетика (1966) Умирање во огледалото (1969, роман) Чиракот на волшебникот (1986, расказ) Приказни од патот (2000, раскази) Три љубови и една смрт (2002, роман) Набљудувачот (2009, расказ) На златниот брег (2010, расказ) Тоа не сум јас: Лего роман (2011 роман) Девојката која повеќе би сакала да биде на друго место (2012, роман) Антигона сега (2012) Волшебниот Одисеј (2013, роман)

Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Словенечки раскажувачи Категорија:Словенечки романописци Категорија:Словенечки драматурзи Категорија:Родени во 1945 година