Крстана Нанкова Видевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Од есента 1941 година, во село Ропотово учествувала во НОД. Во октомври 1941 година месела леб за Првиот прилепски партизански одред, а во декември била курир. Во текот на 1942 и 1943 година кај нив навратувале и престојувале илегалци, а исто така и куририте на Прилепскиот партизански одред кои, оделе од теренот до базата во Кичево и обратно. Во време на една акција што била спроведена за кинење на телефонски жици таа со мажот ѝ и децата била затворена, но по 24 часа сите биле ослободени.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ