десно|мини|270x270пкс| Питамик во 1920-ти години Леонид Питамиќ (15 декември 1885 – 30 јуни 1971 година) бил словенечки и југословенски адвокат, филозоф на правото, дипломат и академик.

Живот Роден во Постојна, тогаш дел од Австроунгарија, а денес во Словенија, тој го завршил класичниот лицеј во Горица, а потоа продолжил образование во Терезијанумот во Виена. По завршувањето на средното образование, се запишал на Универзитетот во Виена, каде студирал право.

По дипломирањето во 1908 година, работел во локалните ограноци на државната управа во Крањска, а подоцна бил ангажиран и во министерските канцеларии во Виена. Во 1915 година стекнал хабилитација во областа на австриското граѓанско право, а две години подоцна, во 1917 година, добил хабилитација и за филозофија на правото.

Со распадот на Австроунгарија, станал член на административната комисија на Националната влада на краткотрајната Држава на Словенците, Хрватите и Србите.

Во 1919 година служел како правен експерт во југословенската делегација на Версајската мировна конференција. Истата година бил именуван за професор на новоформираниот универзитет во Љубљана. Во септември 1920 година бил именуван за секретар за внатрешни работи во регионалната влада за Словенија. Во декември истата година, тој станал последниот претседател на регионалната влада пред нејзиното распуштање. Во 1920-тите работел како југословенски заменик делегат во Друштвото на народите, а меѓу 1929 и 1935 година како амбасадор на Кралството Југославија во САД.

Помеѓу 1926 и 1927 година, тој бил канцелар на Универзитетот во Љубљана. По враќањето од САД во 1935 година, тој продолжил да предава на универзитетите во Љубљана и Загреб. Во учебната 1940 /1941 година бил избран за декан на Правниот факултет и останал таму како професор до јуни 1952 година, кога се пензионирал.Pavčnik, Marijan. 1996. Leonid Pitamic (= Zbirka Pravna obzorja 6). Ljubljana: Cankarjeva založba, pp. 481–484. .

Во 1928 година станал член на Хрватска академија на науките и уметностите, а во 1938 година на Академијата на науките и уметностите во Љубљана (подоцна преименувана во Словенечка академија на науките и уметностите). Во 1948 година комунистичкиот режим го избркал од академијата. Неговото членство во академијата било вратено по неговата смрт.

Починал во Љубљана, а бил погребан на гробиштата Жале.

Дела Питамик објавил неколку трактати за филозофијата на правото. Тој бил следбеник на теориите за правен позитивизам воспоставени од Ханс Келсен. Неговото најважно дело е „Држава“, објавено во 1927 година и преведено на англиски во 1933 година.

Наводи

Надворешни врски

Академско друштво Правник. Леонид Питамиќ – биографија.

Категорија:Членови на Словенечката академија на науките и уметностите Категорија:Починати во 1971 година Категорија:Родени во 1885 година Категорија:Словенечки филозофи