Митко Гогов (1983, Скопје) — македонски писател, есеист и публицист. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво е застапено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји. Како концептуален уметник и активист, Митко е организатор на фестивалот „100.000 поети за промена“. Има објавено четири збирки песни: „Ледена вода“ (Антолог, 2014), „Скриено писмо“ (Антолог, 2019), „Линијар [бројки]„ (Макавеј, 2021) и „Бог на ба(к)терии“ (Макавеј, 2024).

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски публицисти Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1983 година