ФК Депортиво Толука или само Толука — професионален фудбалски клуб од Толука, Мексико. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, најсилното ниво во мексиканскиот фудбал, и е еден од клубовите кои никогаш не испаднале од таму. Клубот е основан на 12 февруари 1917 година од браќата Мануел Блас и Франсиско Хуан Хенкел Брос, сопственици на фармата „Ла Уерта“ лоцирана во Зинакантепек во близина на градот Толука во сојузната држава Мексико, каде денес е лоциран клубот и ги игра своите домашни натпревари на стадионот Немесио Дијес.
Толука ја освоила мексиканската Примера Дивисион 10 пати, што ја рангира на третото место по успешност, зад Америка (15) и Гвадалахара (12). Покрај ова, клубот има освоено и два Купа на Мексико како и две титули во КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Тие имаат и четири успеси во Првак на прваците натпреварувањето и биле вицешампиони на Копа Интерамерикана во 1969 година.
Натпреварувајќи се на локално ниво, Толука 14 пати го има освоено државното првенство на сојузната држава Мексико. И покрај тоа што е еден од најстарите клубови во Мексико, со повеќе од 100 години историја, професионалната ера за Толука започнала во 1950 година, 33 години по нејзиното основање, станувајќи еден од основачките тимови на Сегунда Дивисион и е третиот клуб со најмногу сезони поминати во мексиканската прва дивизија. Заедно со Крус Асул и УНАМ Пумас, Толука е еден од ретките клубови во Мексико кои имаат никогаш не испаднале, откако избориле промоција во највисоката фудбалска лига во земјата.
Играчи Моментален состав
Титули Национални натпреварувања Примера Дивисион : 6 1966–1967, 1967–1968, 1974–1975, Верано 1998, Верано 1999, Верано 2000, Апертура 2002, Апертура 2005, Апертура 2008, Бисентенарио 2010 Куп на Мексико : 1 1955–1956, 1988–1989 Првак на прваците : 4 1967, 1968, 2003, 2006
Меѓународни натпреварувања КОНКАКАФ Лига на шампиони : 2 1968, 2003
Наводи
Надворешни врски
Депортиво Толука Категорија:ФК Депортиво Толука