Миодраг Лабовиќ — македонски универзитетски професор и научник, познат по своите истражувања во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Тој е редовен професор по кривично право, криминологија, организиран криминал и корупција на Факултетот за безбедност – Скопје.

Биографија Миодраг Лабовиќ дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет "Јустинијан Први", УКИМ - Скопје, во областа на правните и политичките науки. Докторската дисертација ја одбранил во 2003 година на тема „Власта и корупцијата во политичкиот систем, со посебен осврт на Република Македонија“ (епистемолошко и глобално политичко ниво; со компаративна анализа и проекција на квалитативно новата национална антикорупциска стратегија).

Од 1991 до 2005 година работи како непосреден оперативец во МВР, започнувајќи ја својата професионална кариера како помлад инспектор, инспектор и главен инспектор за корупција и организиран криминал на републичко ниво. Во 2005 година бил избран за доцент на Факултетот за безбедност – Скопје, каде што предава Кривично право, Криминологија, Корупција и организиран криминал. Од 2006 година е именуван за директор на Управата за финансиска полиција, Во 2008 година поднесува неотповиклива оставка од функцијата, по што продолжува со својата академска кариера. Од септември 2014 до септември 2023, во четири мандати е избиран за раководител на Катедрата за кривично-правни и криминолошки науки при Факултетот за безбедност-Скопје.

Научна работа и придонес Автор е на бројни научни трудови од областа на корупцијата и организираниот криминал, од кои најзначајна е Стратешката визија со конкретни, реално одржливи и практично спроведливи решенија за системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал.

Признанија и награди Државна награда награда „Гоце Делчев“ за научно остварување (2006)

Добитник на Anti-Corruption Excellence Award во 2016 година од страна на Обединетите Нации и ROLACC во категоријата на оригинално академско истражување.

Наводи

Надворешни врски Проф д-р Миодраг Лабовиќ – Факултет за Безбедност – Скопје Академик.мк – Добитник на светска награда за антикорупција Радио Слободна Европа – Македонија боледува од скриена корупција Academia.edu – Корупција во високо образование

Категорија:Македонски универзитетски професори