Свети Димитриј — главна селска црква во штипското село Селце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во близина на селската џамија.
Историја
Камен-темелникот за црквата бил поставен на 7 јули 2015 година.Се гради црква во село Селце
Истата била завршена во 2016 и на 8 мај 2016 година била осветена од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион. Ктитор на црквата е Ѓоре Митев со неговото семејство по потекло од Селце, повратник од Австралија.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува живопис.
Икони и иконостас
Во нејзе се наоѓа мал иконостас со икони.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Селце (Штипско)
Наводи
Надворешни врски
Селце