Тамбунската карпеста уметност е серија пештерски слики од неолитот на варовничкиот рид Гунунг Панјанг во Тамбун, на периферијата на Ипох, Перак, Малезија. Сликите биле откриени на карпеста настрешница во 1959 година од страна на поручникот Р. Л. Раулингс од вториот баталјон, 6-ти оддел од Гуркините сопствени пушки на кралицата Елизабета. Популарно познати како „Тамбунски пештерски слики“ (Lukisan Gua Tambun на малајски), сликите најверојатно биле направени од предците на Оранг Асли и имале духовна важност. Оваа локација не треба да се меша со Гунунг Тамбун, друг варовнички рид кој се наоѓа неколку километри северно од Гунунг Панјанг.
Тамбунските пештерски слики се наоѓаат на истакната карпа на западното лице на Гунунг Панјанг, голем карстичен рид, долг речиси 2 километри, со поглед на Ипох и долината Кинта. Ридот се состои од светло сив мермер кој припаѓа на девонскиот варовник од долината Кинта. Овој локалитет го има најголемиот приказ на неолитски слики во Азија. Се проценува дека тие се стари помеѓу 2.000 и 12.000 години. Сликите веројатно се направени со хематит. Во моментот на откритието, широката полица во основата на карпата била преполна длабоко со празни, конусни лушпи од полжави, сите со отфрлени врвови. Локалитетот не е лесно достапен за туристите бидејќи патеката е обрасната и каллива и стрмни скали водат до локацијата.
Галерија
Наводи
Категорија:Праисториска уметност Категорија:Карпеста уметност Категорија:Координати на Википодатоците