мини|311x311пкс|Кантар - Музеј на Старата скопска чаршија Тас е бакарен тркалезен плиток сад (чинија) кој се користи за поставување на предмет при мерење со кантар.
Опис Тасот е тркалезен, направен од едно бакарно парче, широко отворено, малку вдлабнато, со зајакнат, надолу свиткан раб. На тасот од кантарот на три места однадвор се закачени три синџири кои се прицврстени со нитна за железни плочки. Во горниот дел синџирите се закачени за трикрака кука која насреде во долниот дел има закачено ченгел, што служи за обесување стока што не можело да се стави во тасот.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 121-122, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Трикраката кука во горниот крај е подвижно поврзана со права вертикална железна прачка што е неподвижно споена со размерот. Размерот е најдолгата железна прачка од кантарот која е обележана со мерни единици, на која освен подвижниот тег што е закачен на неа, со помош на кој се одредува тежината, се наоѓаат и две поголеми кукачки. Едната од кукачките е поставена на горната страна и служи за закачување на целиот кантар, додека кукачката во долниот дел, поставена близу до местото на кое е закачен и тасот, има иста функција како и тасот.
Како и кај сите кантари и кај овој размерот на едниот крај завршува со мал заокружен дел, додека на другиот крај има поголем проширен дел кој е секогаш со различен декоративен облик. Кантари се правеле во повеќе градови во Македонија. Попознати центри за нивна изработка биле Прилеп и Дојран, а ги изработувале мајстори кантарџии.
Наводи
Поврзано Кантар
Категорија:Кантар