мини|293x293пкс|Свеќник „Шандан“, 19-20 век, дукмеџиски производи од туч - Музеј на Старата скопска чаршија Шамданот е свеќник за исламски верски објекти.

Опис Шамданот бил користен во џамија за осветлување. Има тркалезно рамно дно, а страните продолжуваат нагоре со постепено стеснување, така што има тело со широко ѕвончеста форма. Телото во горниот дел завршува зарамнето, од чиј средишен дел нагоре продолжува цевката во која се става свеќата. Во горниот и во долниот дел од телото на свеќникот се наоѓа по еден тесен релјефно испакнат круг. Во горниот дел, над релјефниот круг, телото од свеќникот сосема малку се проширува, а горниот крај, кој е свиткан и продолжува во рамен дел, малку е поткренат. Горната рамна површина од телото е пониска за едно ниво, а пред почетокот на цевка-та, повторно благо е поткренат. На издолжениот тесен дел во кој се става свеќата, во долниот дел и во средината има, исто така, релјефен круг. Горниот дел од цевката горе се проширува, насреде е вдлабнат, а кон врвот повторно е ѕвончесто проширен нанадвор.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 118, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Свеќник

Категорија:Метални садови Категорија:Свеќници