мини|325x325пкс|Тас, 19-20 век, предмети употребувани во амам - Музеј на Старата скопска чаршија Тас е метален сад (црпалка), подлабок од вообичаеното, кој се користел за црпење вода. Иако се наоѓал низ домаќинствата во Македонија, тасот се користел низ амамите во отоманска Македонија.

Опис Тасот служел за црпење вода. Тој бил тркалезен по форма, со рамно дно. Насреде најчесто имало кружно мало испакнување однатре. Испакнувањето служи за полесно држење на тасот со прстите од надворешната страна. Страните од дното нагоре продолжуваат проширено и се испакнати нанадвор. Отворот завршува со навнатре вовлечен венец, преку релјефна линија, од која горниот дел благо се проширува нагоре. Тасот по страните е украсен со релјефно исчукани ромбоиди, или слични шари.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 107, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Леѓен Црпалка

Категорија:Метални садови