Флуор азид или триазадиенил флуорид — жолтозелен гас составен од азот и флуор со формула . Неговите својства наликуваат на оние на , и . Врската помеѓу атомот на флуорот и атомот на азотот е многу слаба, што доведува до тоа оваа супстанца да биде многу нестабилна и склона кон експлозија. Пресметките покажуваат дека аголот F–N–N е околу 102° со права линија од 3 атоми на азот.

Гасот врие на -30° и се топи на -139 °C.

За прв пат бил направен од Џон Ф. Халер во 1942 година.

Реакции Флуор азидот може да се добие со реакција на азлотоводородна киселина или натриум азид, со гас на флуор.

Флуор азидот се разградува без експлозија на нормални температури при што се добива динитроген дифлуорид:

.

На повисоки температури како 1000 °C флуор азидот се разградува во радикал на азот монофлуорид:

Самиот FN се димеризира при ладење.

Во цврста или течна состојба може да експлодира, ослободувајќи голема количина на енергија. Тенок слој гори со брзина од 1,6 km/s Поради опасноста од експлозија, треба да се постапува истовремено со само многу мали количини од оваа супстанца.

адуктите може да се образуват со Луисовите киселини бор трифлуорид (BF3) и арсен пентафлуорид (AsF5) на -196 °C. Овие молекули се поврзуваат со првиот атом на азот од флуорот.

Својства

Спектроскопија Параметар Вредност Единица А 48131,448 MHz Б 5713,266 MHz В 5095,276 MHz μ a 1,1 μ б 0,7

Облик Растојанието помеѓу атомите се F–N 0,1444 nm, FN=NN 0,1253 nm и FNN=N 0,1132 nm.

Физички има густина од 1,3 g/cm3.

се адсорбира на цврсти површини на калиум флуорид, но не и на литиум флуорид или натриум флуорид. Ова својство се истражувало за да може  да ја зголеми енергијата на цврстите пропеланти.

Ултравиолетовиот фотоелектричен спектар покажува врвови на јонизација на 11,01, 13,72, 15,6, 15,9, 16,67, 18,2 и 19,7 eV. Соодветно овие се доделуваат на орбиталите: π, nN или nF, nF, πF, nN или σ, π и σ.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Експлозивни хемикалии Категорија:Соединенија на флуорот Категорија:Сите статии со непотврдени изјави Категорија:Соединенија на азотот