мини| Фотографија од Ото Берг
Ото Берг (23 ноември 1874 – 1939) — германски научник. Тој е еден од научниците заслужни за откривање на рениумот, последниот елемент што е откриен со стабилен изотоп.
Животот Берг бил роден во Берлин како син на трговецот Филип Берг и неговата сопруга Џени. Од 1894 до 1898 година, Берг студирал хемија на Хајделбершкиот и Фрајбурговиот универзитет во Берлин; во Фрајбург работел како асистент на Институтот за физика. Во 1900 година, тој се оженил со Џули Зунц, ќерка на физиологот Нејтан Зунц; тие имале четири деца. Помеѓу 1902 и 1911 година, тој бил приватдоцент во Грајфсвалд. Потоа станал партнер во германска компанија за електротехника Сименс и Халске во Берлин-Шарлотенбург. По преземањето на власта од нацистите, тој ја изгубил својата работа во Сименс во 1933 година поради неговото еврејско потекло, а потоа во 1938 година побегнал со своето семејство во Англија, каде што починал во 1939 година.
Рениум Во 1925 година во Германија, Валтер Нодак, Ајда Таке и Ото Берг известиле дека го откриле елементот рениум во платинската руда и во минералот колумбит. Тие откриле и рениум во гадолинитот и молибденитот. Во 1928 година успеале да извлечат 1 грам од елементот со обработка на 660 кг молибденит. Во 2020 година бил издаден меморијален медал на откритието од ISTR (уметнички дизајнер: Игор Петров).
Технециум Истиот тим бил вклучен и во наводното откритие на технециумот. Тие го пријавиле откривањето на елементот 75 и елементот 43 во 1925 година и го нарекле елементот 43 мазуриум (по Мазурија во источна Прусија, сега во Полска, регионот од каде потекнува семејството на Волтер Нодак). Групата го бомбардирала колумбитот со зрак од електрони и го дошле до заклучок дека елементот 43 е присутен со испитување на спектрограми на дифракција на рендгенски зраци. Брановата должина на произведените рендгенски зраци е поврзана со атомскиот број со формулата изведена од Хенри Мозли во 1913 година. Тимот тврдел дека воочиле слаб сигнал на рендген зраци на бранова должина произведена од елементот 43. Современите експериментатори не можеле да го повторат откритието и било отфрлено како грешка многу години. Направени биле некои понови обиди за рехабилитација на Нодаксовите тврдења, но тие биле побиени со студијата на Пол Курода за количеството на техниум што можело да биде присутно во рудите што тие ги проучувале: тој не можел да надмине 3 × 10 −11 μg/kg, а со тоа би бил неоткриен со Нодаксовите методи. Откривањето на елементот 43 конечно бил потврдено со експеримент во 1937 година на Сицилија.
Наводи
Категорија:Откривачи на хемиски елементи Категорија:Починати во 1939 година Категорија:Родени во 1874 година Категорија:Германски хемичари Категорија:Германски Евреи