Ѓуѓум или ѓугум е метален сад кој се користел за чување и носење вода. Овој сад по форма и намена бил сличен со ѓумот.

Опис

Ѓуѓумот е за вода, за разлика од ѓумот кој се користел и за други течностио. Тој има тркалезно конкавно пие, страните се ѕвончести, продолжуваат нагоре со благо стеснување до работ, од каде што телото на ѓумот нагло се собира по врат што е назначен со тесен преод и над него релјефно испакнат прстен. Нагоре вратот сосема благо се проширува до отворот - грлото, под него отстрана е рачката, која горе е разделена на два дела и е споена со ѓуѓумот со две чивии. Преку полукружно свиткување во долната половина е свиткана навнатре, а на долниот дел завршува под прав агол, со сплескан крај што е прицврстен со чивија. Капакот е кубелија, на долниот раб има мал чембер вертикално подаден нанадвор. Капакот е подвижно споен за бакарната масивна рачка со „мустакијата“. Ѓуѓуми правеле казанџии.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 82, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Ѓум Стомна

Категорија:Метални садови Категорија:Садови за течности Категорија:Садови за складирање