Капак е предмет кој се користи за покривање храна или течности во тепсии, саани, тави или тенџериња, но во различни кутии.

Отоманска Македонија Дрвените и глинените капаци биле едноставни во изработка. Често се округли, со испакнати врвови во форма на пупки за полесно подигнување. Понекогаш биле и декорирани, во зависност од целиот сет. Металните капаци биле поскапи, подетално декорирани и изработени од едно парче метал. Капакот бил различен по големина и имал функција за покривање саан или тепсија при подготвување печење или послужување храна. По форма е тркалезен, кубест, на неговиот врв има поширока пупка, а на долниот дел од отворот, хоризонтално, нанадвор е подаден тесен чембер. Од надворешната страна над работ почнува украсната композиција.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 62, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Склопец Тепсија

Категорија:Метални садови Категорија:Дрвени садови Категорија:Керамички садови Категорија:Покуќнина