Звечево — хрватска прехранбена компанија, специјализирана за кондиторски производи и алкохолни пијалаци. Компанијата била основана како Stock Cognac Medicinal во 1921 година во Пожега и произведувала силни алкохолни пијалаци. Компанијата била изнајмена на Нестле од 1936 до 1946 година, кога започнала и со производство на чоколади и бонбони. Компанијата го променила името во Звечево АД Пожега во 1951 година. Во 1960-тите, сите напори биле насочени кон производство на производи од какао, силни алкохолни пијалаци и млеко во прав, бидејќи непрофитабилното и застареното производство на овошни сокови и брашно биле прекинати. Во 1970 година повторно била воспоставена соработка со Нестле која траела до 1995 година, кога станало акционерско друштво. Звечево го дизајнирало првото оризово чоколадо во светот во 1964 година и го нарекла Микадо.

Галерија

Поврзано

Список на претпријатија во Хрватска

Надворешни врски

Звечево - Чоколадни амбалажи од 1980-тите

Наводи

Категорија:Прехранбени претпријатија Категорија:Кондикторски претпријатија Категорија:Хрватска кујна Категорија:Чоколадо