Цвета Ангеловска Георгиевска - Кобурка ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.

Животопис десно|мини|200x200пкс|Цвета Георгиевска е носител на Партизанската споменица 1941. Таа била монополска работничка. Станала член на КПЈ во 1940 година. Собирала народна помош и оружје, носела храна на политичките затвореници. Во јануари 1942 година станала член на Месниот Комитет на СКОЈ - сектор по женска младина. Едновремено раководела неколку скоевски групи. Во февруари 1943 година била затворена, а потоа интернирана на 6 месеци во селото Бавелали, Плевенско, Бугарија. По враќањето формирала партиска ќелија од монополски работнички. Во септември 1944 година стапила во eдиниците на НОВ на Козјачкиот терен. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Поврзано

Дивна Георгиевска

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941