Арсена Деспотовска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.

Животопис десно|мини|200x200пкс|Арсена Деспотовска е носител на Партизанската споменица 1941. Таа била шивачка. Со отпочнувањето на вооруженото востание била член на младинска воспитна група, а во пролетта 1942 година и била член на КПЈ. Веќе во септември истата година била избрана за член на Месниот Комитет на КПЈ - Гостивар. Раководела со партиска ќелија, воспитни и скоевски групи во реонот каде живеела. Во нејзиниот дом кратко време престојувала партиската техника, во која работела заедно со својот брат. Како член на Месниот Комитет била одговорна за скоевската организација во градот и секретар на Месниот Комитет на СКОЈ. Во текот на 1943 година била избрана за член на Околискиот комитет на КПМ. По директива на КПМ отворила шивачка работнлница која служела за база на Месниот Комитет за одржување на врски со Кичево и Маврово, како и во селата во гостиварско и Петиот Областен Комитет на КПМ. Нејзината активност била откриена од италијанскиот окупатор, поради што на неколкупати била апсена, но по 5-10 дена била ослободена од затворот. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Воспитни групи Во 1942 година биле формирани три воспитни групи во Гостивар:

I. Српско Маало - Поповска Славка секретар на групата, а членови: Митревска Јелица и Стефановска Загорка; II. Македонско Маало - Дуцевска Марта секретар на групата, а членови: Китановска Павлина, Матевска Марија, Петровска Олгица; III. Ново Маало - Кипроска Магда секретар на групата, а членови: Иљоска Темјанка и Јаковлевска Санда;

Во текот на 1943 во бранот на апсења што го зафатил Гостивар, уапсени биле, Марта Дуцевска и членот на МК, Арсена Деспостовска. Непризнавајќи ништо, по 5 до 10 дена затвор, тие биле ослободени. Меѓутоа, наскоро доаѓа до нивно повторно затворање. И овој пат, мачните и понижувачки сослушувања не го скршиле нивниот револуционерен морал, па како и во првиот случај, во недостиг на докази, тие биле ослобдоени.

АФЖ во Гостивар Првиот одбор на АФЖ во Гостивар постојано се ширел, така што од него изглегле уште две групи. Со првата продолжила да раководи Магда Кипроска, a втората ja раководела Марија Матевска. Бројот на жените што пристапувале кон сѐ уште илегалната opraнизација на АФЖ постојано се зголемувал, па во Дебар Маало се формирала ѝ третата група со која раководеле Арсена Деспотовска и Марта Дуцевска. Четвртата група на АФЖ во Гостивар се формира во Македонското Маало и таа била раководена од Павлина Китановска. Меѓу првите членки на АФЖ биле и: Славка Бундалевска, Санда Јаковлевска, Даница Кипровска, Верица Китановска, Рафа Китановска, Аница Михајловска и др.

Поврзано

Ефка Деспотовска Ѕвезда Деспотовска

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941