Gley (се изговара: Глеј) — првата македонска преносна услуга од 2021 година, која на едно место нуди богат избор на домашни, регионални и странски филмови и серии со македонски, англиски и албански превод.
На Gley се достапни многу македонски серии како: Преспав, Куќен притвор, На терапија, Фамилија Марковски, Црвениот поет, Радиус. Како и филмовите: Пред дождот, Сенки, Ослободување на Скопје, Трето полувреме, Кајмак, Те дуа, жими мене, Ах, љубов моја и многу други филмски содржини.
За Gley Услугата нуди домашно и регионално производство, детска програма, европски и холивудски филмови и серии, кои се достапни со македонски и албански превод.
„GLEY ги обединува македонските продукциски капацитети и им дава можности за забрзан развој на нови и постоечки проекти“, изјави извршниот менаџер на СВОД Мастер, Дарко Перушески на промоцијата.
Поголемиот дел од македонските филмови се дигитално достапни само на услугата, а детската програма е синхронизирана на македонски и албански јазик.
„Содржините се достапни во ХД резолуција со квалитетен звук на LG, Samsung и Android TV СМАРТ телевизорите, лични компјутери, таблети или мобилни телефони. За таа намена се изработени апликации што корисниците можат лесно да ги инсталираат на оперативните системи на телевизорите во Apple App Store и Google Play Store“, истакнуваат од „Gley.mk“.
Надворешни врски www.gley.mk
Категорија:Македонски медиуми Категорија:Телевизии во Скопје Категорија:Телевизиски канали во Македонија