Оружарски занает исто познат како туфекчиски занает — занает за изработка на оружје како што се пушки, сабји ножеви. Во Македонија, со овој занает се занимавало претежно муслиманско население.Д-р Киро Дојчиноски: Занаетите и еснафите во Скопје стр 93
мини|368x368пкс|Нож со седефеста дршка и корица, 18-19 век - Музеј на Старата скопска чаршија
Историјат Во Скопје во 19 век меѓу мајсторите за оружје имало: пушкари, сабјари, ножари, а за нивната дејност, бројна состојба и друго има малку податоци. Значајна улога за развојот на оружарските занаети имал Хвзи паша, кој водел 3000 луѓе лична придружба, 2000 во Скопје и 1000 во Тетово, каде надзорот му бил доверен на неговиот брат, Хасан паша.
Развојот на овие занаети бил поврзан со обичајот секој возрасен Турчин да биде вооружен, затоа овој занает бил верска привилегија. Најпознат пушкар во 19 век во Скопје бил Хаџи Мехмед Река, роден 1800 година, кој живеел 110 години. Тој бил единствениот пушкар што изработувал оружје во својот дом, и бил трговец на оружје.
Според истражувањата на д-р Ѓурѓица Петровиќ, оружарските занаети во Скопје континуирано постоеле повеќе векови: првиот познат податок за постоење на оружарскиот занает во Скопје датира од 1445 година и се споменува вакувот на Киро лукарот.Глиша Елезовиќ: Турски документи, кн. 1, св 1, Белград, 1940, стр. 17 лево|мини|Калап за леење куршуми, 19 век - Музеј на Старата скопска чаршија Во 19 век во Скопје постоела туфекчиска чаршија, каде имало пушкарски дуќани, еден ножар, еден сабјар и една продавница на барут. Постоела и бичакџиска чаршија која се протегала пред Мустафа-пашина џамија и тука се наоѓале работилници на ножари и сабјари. Изработувачи на ладно оружје имало и во Дебарска улица.Стојан Новаковиќ: С. Мораве на Вардар, Белград, 1893, стр. 45
Јован Хаџи-Васиљевиќ пишал дека во Скопје кон крајот на 19 век имало 30 пушкарски дуќани, а Васил К’нчов навел бројка од 40 пушкарски дуќани во 1898 година. Денес не се зачувани автентични дуќани и работилници на оружје од тоа време.
Изглед на работилница за оружје Работилниците за оружје имале две простории. Во предниот дел се вршеле попрецизни и ситни работи, и тука биле изложени готовите производи. Зад таа просторија постоела ковачница со огниште, мев за дување и наковална. Секој мајстор имал 2-4 чираци и калфи.
Оружарски производи мини|Пиштол „Целина“ и мал пиштол од 19 век - Музеј на Старата скопска чаршија Мајсторите оружари изработувале: јатаган, нож, кама, анџар и сабја. Изработувале метални и дрвени делови за пиштоли и пушки, за кои цевките ги носеле од Тетово и Призрен.
Основна суровина за изработка на оружје биле железото и челикот. Железо користеле од рудниците на Крива Паланка, а го носеле и од Босна, Англија, Шведска и Норвешка.Златко Биљановски: Некои податоци за надворешната трговија на Македонија од Кримската до Балканските војни, Гласник на ИНИ, VI, 1-2, Скопје, 1962, стр. 206
Јатаганите што се правеле во Македонија биле исти како оние од Призрен, а тоа бил најраширен тип на јатаган во сите делови на Турција. Тоа бил јатаган со големо и широко сечиво, на едната страна на сечивото имало натпис со турско или арапско писмо. Рачката била најчесто од бела коска и имала широки уши. Основна карактеристика на овој тип јатагани биле украсните окови од месинг, а некогаш од сребро.
Ножевите камите и анџарите се разликувале само по украсните елементи.
Традиционално се произведувале два вида на сабји: криви и прави сабји. Правата сабја била дел од вооружувањето на војската.
Од пиштоли се правеле два вида: целина и шимо, а се споменува дека се изработувале и кубури. Се произведувале и пушки „мартинки“ за потребите на турската војска стационирана во Скопје.
Трговија со оружје Оружјето најчесто се изработувало по порачка или за продажба која ја вршеле самите мајстори во своите дуќани. Професионално пушкарите од Скопје, Тетово и Дебар биле поврзани со кујунџиите од Скопје и Метохија. Трговците со оружје често патувале со големите каравани до Египет, Судан, Иран, Арабија и Индија, и на ваквата вон-европска трговија со оружје македонските производи главно се продавале како оружје од Призрен, град кој бил најголем производител на оружје во Балканот.Ѓурѓица Петровиќ: Пушкарски занат у Метохији, Весник Војног музеја, Београд, 1955, стр. 88-89
Наводи
Категорија:Занаети