Васа Димова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во заднината на НОД од октомври 1941 година во Битола. Во почетокот на 1942 година станала член на активот на жените, што бил формиран во нејзиното маало. Во својот дом чувала илегалци и била направена специјална скривница за сместување на илегален материјал. Меѓу жените со кои работела, пронаоѓала илегални станови и собирала народна помош.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ