Skopje '83 (македонски: Скопје '83) — акционо-авантуристичка пукачка игра од прво лице со елементи на roguelike и преживување. Развиена е од македонската компанија Dark-1 и објавена од PM Studios, Inc. Сместена во преосмислена верзија на Скопје од 1983 г., главниот град на Македонија, играта сврзува FPS-механика, roguelike-елементи и истражување со отворен свет. Премиерно била објавена на 7 ноември 2025 г. и е достапна на Steam и Epic Games Store.
Играчки процес Играчите се движат низ градот зафрлен во хаос од загадочен настан, соочувајќи се со толпи од мутирани гнасотии што демнат на секој агол. Играта ја нагласува борбата, собирањето ресурси и преживувањето во непријателска градска средина. Посебноста е ДОМ, мобилна база во облик на автобус, која служи како центар за надградби и стратешко планирање. Играта нуди динамично доживување каде што секое поминување претставува изменет распоред на градот Скопје, распоредување на непријателите и распределба на скапоценостите, обезбедувајќи висока можност за преиграње. Играта се развива преку еколошко раскажување, втурнувајќи ги играчите во алтернативната историја на Македонија, испреплетена со окултни теми и ретрофутуристичка наука.
Развој Првично закажана за објавување на 30 јуни 2024 г., објавувањето било одложено за да се овозможи интеграција на повеќеиграчки режим. Играта излегла на 7 ноември 2025 г. и нуди кооперативен режим (англ. Co‑Op).
Наводи
Надворешни врски Skopje '83 на Steam
Категорија:Видеоигри од Македонија Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Mac OS X