Митра (Темелкова) Симонова Димоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД од 1943 година заедно со целото семејство. Во нејзината куќа се одржувале состаноци на партискиот актив од Гостиражни, а таа била ангажирана да чува стража. Собирала храна, облека и слично. Заедно со брат ѝ и татко ѝ била затворена во 1942 година од бугарската полиција. Наскоро била пуштена и продолжила да го помага движењето во заднината. Приготвувала храна, носела огрев и храна на илегалците сместени по илегални станови во селото.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ