Јепе Тајс Тверсков (роден на 12 март 1993, во Копенхаген) е дански фудбалер, на Сан Диего.
Клупска кариера Б 1903 Роден во Копенхаген, Тверсков започнал да игра фудбал на тригодишна возраст во Б 1903. Како 17-годишен, тој бил промовиран во сениорскиот тим кој се натпреварувал во четвртото ниво на данскиот фудбал од тогашниот тренер Бент Кристенсен. Во својата прва сезона, тој забележал 24 настапи и седум гола и бил избран за Играч на годината во клубот.
Лингби Во јуни 2011 година, Тверсков се преселил во Лингби по препорака на неговиот тренер, Бент Кристенсен. Во тој клуб, тој играл заедно со млади соиграчи како Јусуф Поулсен, Кристијан Нергор и Уфе Бех. Во јуни 2012 година, тој бил промовиран во првиот тим од тренерот Нилс Фредериксен. Својот прв професионален настап, Тверсков го направил на 4 ноември 2012 година, против Хобро ИК во второто ниво на земјата, данската прва дивизија. Тој влегол како замена во 90-тата минута за Дејвид Бојсен, во победата на неговиот тим со 2–1. Тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера на 25 април 2014 година, во првенствената победа на неговиот тим со 3-0 над Хвидовре.
Рандерс На 30 јуни 2014 година, Тверсков му се приклучил на клубот од Суперлигата, Рандерс, со кој потпишал двегодишен договор. Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 23 септември во натпревар од Купот на Данска против Колдинг Болдклуб. Тој го започнал натпреварот како дефанзивен играч за врска и се истакнал со постигнувањето на својот прв гол за Рандерс, додавајќи го своето име во списокот со стрелци во убедливата победата на неговиот тим од 7–1. Клубот завршил четврти во првенството на крајот на сезоната 2014–2015 и успеал да се квалификува во квалификациските рунди за Лига Европа. Тверсков го одиграл својот прв натпревар во европските натпреварувања, на 2 јули 2015 година, против клубот од Андора, Сант Жулија: започнувајќи како стартер, тој сепак не го доиграл натпреварот откако бил исклучен заради добивање на втор жолт картон, но Рандерс победил со 1-0.
Оденсе Бидејќи неговиот договор со Рандерс истекол, во летото 2016 година Тверсков потпишал со Оденсе, а трансферот бил објавен уште на 20 април истата година. Својот прв настап за клубот го направил на првиот натпревар за сезоната 2016–2017 во Суперлигата, против Силкеборг во ремито 0-0.
Норшелан На 21 јуни 2023 година, Тверсков потпишал за друг дански клуб Норшелан, согласувајќи се на договор до јуни 2025 година. Во клубот останал сезона и половина, забележувајќи вкупно 63 настапи и 6 гола.
Сан Диего На 19 март 2024 година, Тверсков за првпат во кариерата ја напуштил родната Данска и потпишал за американскиот клуб Сан Диего, нов клуб во МЛС со кој била проширена лигата, пред нивната инаугуративна сезона во 2025 година; тој потпишал двегодишен договор до 2026 година, кој стапил на сила на 1 јануари 2025 година.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 5 април 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Б 1903 ДС 27 7 КД 0 0 - - - - 27 7 2012-2013 Лингби 1Д 5 0 КД 0 0 - - - - 5 0 2013-2014 1Д 30 2 КД 4 0 - - - - 34 2Вкупно Лингби 35 2 4 0 - - - - 39 2 2014-2015 Рандерс СЛ 16 1 КД 3 2 - - - - 19 3 2015-2016 СЛ 22 2 КД 2 0 ЛЕ 3Во квалификациските кола. 0 - - 27 2Вкупно Рандерс 38 3 5 2 3 0 - - 46 5 2016-2017 Оденсе СЛ 34 0 КД 2 0 - - - - 36 0 2017-2018 СЛ 26 1 КД 2 0 - - - - 28 1 2018-2019 СЛ 35 1 КД 5 0 - - - - 40 1 2019-2020 СЛ 30 1 КД 2 0 - - - - 32 1 2020-2021 СЛ 29 3 КД 3 0 - - - - 32 3 2021-2022 СЛ 26 0 КД 7 0 - - - - 33 0 2022-2023 СЛ 30 2 КД 1 0 - - - - 31 2Вкупно Оденсе 210 8 22 0 - - - - 232 8 2023-2024 Норшелан СЛ 32 4 КД 4 0 ЛЕ 104 Во квалификациските кола 1 - - 46 5 2024-јан. 2025 СЛ 15 1 КД 2 0 - - - - 17 1Вкупно Норшелан 47 5 6 0 10 1 - - 63 6 2025 Сан Диего МЛС 6 0 УСКуп 0 0 - - - - 6 0Вкупно во кариерата 362 25 37 2 14 1 - - 413 28
Наводи
Надворешни врски
Јепе Тверсков на soccerway Јепе Тверсков на transfermarkt Јепе Тверсков на espn Јепе Тверсков на whoscored
Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лингби Категорија:Фудбалери на ФК Оденсе Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година