Стадионот (множина стадиони, од ;.) ― поранешна старогрчка единица за должина, составена од 600 старогрчки стапки (подес). Неговата точна должина е непозната денес; историчарите проценуваат дека е помеѓу 150 м и 210 м.
Пресметки Според Херодот, еден стадион бил еднаков на 600 грчки стапки (поди). Сепак, должината на стапката варирала во различни делови на грчкиот свет, а должината на стадионот бил предмет на аргументи и хипотези стотици години.
Емпириско определување на должината на стадионот било направено од Лев Василевич Фирсов кој споредил 81 растојание дадено од Ератостен и Страбон со праволиниските растојанија измерени со современи методи и ги измерил резултатите во просек. Тој добил резултат од околу 157.7 м. Предложени биле различни еднакви должини, а некои биле именувани. Меѓу нив се: Име на стадион Должина во метри (приближна) Опис Предложено од Маршрута 157 м е користен за мерење на растојанието на патување.Hoyle, Fred Astronomy, Rathbone Books Limited, Лондон 1962 LC 62-14108 Жан Антоан Летрон, 1816 година Олимписки 192 м 200 Хераклеви чекори Карл Фердинанд Фридрих Леман-Хаупт, 1929 година Птолемеев или Атички 185 м 600 × 308 мм Ото Канц, 1923 година; Д.Р. Дикс, 1960 година Вавилонско-персиски 196 м 600 × 327 мм Леман-Хаупт, 1929 година Феникиско-египетски 209 м 600 × 349 мм Леман-Хаупт, 1929 година Која мерка на стадионот е користена, може да влијае на толкувањето на античките текстови. На пример, грешката во пресметувањето на обемот на Земјата од страна на Ератостен или Посидониј, зависи од тоа кој стадион е избран да биде соодветен.
Други употреби Од средниот век наваму, зборот стадион е користен како синоним за единицата фурлонг (што е 220 јарди, еднакво на една осмина од милја), што е од староанглиско потекло.
Поврзано
Староегипетски мерни единици
Земјин обем
Наводи
Категорија:Единици за должина Категорија:Застарени мерни единици Категорија:Мерни единици во испитувањето Категорија:Старогрчки мерни единици