мини|Изработка на бурек во бурекџилница во Велес Бурекџиски занает ― традиционален занает за изработка на бурек. Бурекџија е традиционален занаетчија мајстор (сопственик) или работник кој се занимава со подготовка и печење на бурек – еден од најпознатите балкански специјалитети во пекарница специјализирана за производство на бурек (бурекџилница).Бурекџилница Историја на занаетот Овој занает има долгогодишна традиција, особено во Македонија, Босна, Србија, Турција и Грција. Основната работа на бурекџискиот занает е подготовка на тесто, кори и печење бурек. Производителите на бурек можат да бидат вистински виртуози во работата со тесто и правењето различни и многу вкусни видови бурек. Бурекџиите традиционално го учеле занаетот преку долгогодишно искуство во пекарници или специјализирани бурекчилници. Како и во секој занает и на бурекџиите им треба време и вештини да го совладаат занаетот. Бурекот потекнува од Отоманската Империја, а неговото име доаѓа од турскиот збор börek, што означува печиво од тенко тесто со различни филови. Во Македонија, бурекот е неизоставен дел од појадокот, често комбиниран со јогурт или кисело млеко. Совладување на занетот

Процесот на учење за бурекџија вклучува теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел вклучува обука за суровините кои се вклучени во производство на бурек, технолошкиот процес и етички принципи за работа. Практичната обука се однесува на изучување и применување на техники и вештини за производство на бурек. Бурекџијата треба да има вештини за:

Месење и подготовка на тесто Влечење на тенки јуфки или кори и виткање на корите за бурекот Различни техники на обликување и полнење на тестото (бурекот) со месо, сирење, спанаќ, компир. Печење и сечење на бурекот.

Видови бурек Во Македонија и пошироко, постојат неколку видови бурек, меѓу кои: Класичен бурек со месо – најпознатата варијанта, полнета со мелено месо и кромид Бурек со сирење – познат и како пита Бурек со спанаќ – популарен за љубителите на вегетаријанска храна Бурек со компир – поретка, но вкусна варијанта Ролан бурек – завиткан во форма на ролат, популарен во некои региони Пица бурек - со фил што наликува на вкусот на пицата.

Современ бурекџиски занает Денес, покрај традиционалните бурекчилници, бурекот се подготвува и во модерни пекарници со полуиндустриски методи. Сепак, вистинските љубители на бурекот секогаш бараат рачно развиено тесто и печење во традиционални рерни. Учесниците кои ги посетувале обуките и истите успешно ги завршиле се стекнуваат со сертификат за бурекчија. Со стекнување на сертификатот учесниците се здобиваат со можност за развој на професионална кариера во пекарската индустрија. Во Македонија уште постојат бурекџилници и мајстори кои рачно го подготвуваат бурекот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Бурекџија Обука за бурекџија

Категорија:Храна Категорија:Занаети