Босилка Ѓурашковиќ ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Уште за време на кралството Југославија живеела во Скопје и му припаѓала на напредното младинско движење. Станала член на СКОЈ во летото 1940 година. Била одговорна за народна помош во сите средни училишта. Поради својата активност во ноември 1940 година била исклучена од сите училишта во Југославија. Во тоа време, била примена за член на КПЈ. По капитулацијата на кралството Југославија продолжила активно и организирано да работи за НОД. Од 1941 година била ангажирана вo работа на партиската техника. Со формирањето на првите диверзантски тројки во Скопје и Првиот скопски партизански одред, служела како нивна врска со Месниот Комитет на КПЈ - Скопје.

На 10 септември 1941 година била уапсена и задржана 17 денови во затвор. Поради немање докази била пуштена на слобода и веднаш добила врска и стапила во Скопскиот партизански одред во чии редови се наоѓала до ноември 1941 година. Од расформирањето на одредот до крајот на 1942 година живеела илегално во Скопје по директива на Партијата. Во мај 1942 година во отсуство, скопскиот ВПС (воен преки суд) ја осудил на смрт поради што преку партиска врска се префрлила да работи илегално во Тетово, Призрен, Приштина, Рашка, Ниш и Белград. По ослободувањето на Белград се вратила во Скопје.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ