thumb|right| Клара Полачек (родена Клара Леб; 15 јануари 1875 – 22 јули 1951) — виенска писателка на лесни романи, раскази и песни. Напишала и неколку сценски дела. Некои од нејзините дела се појавиле под псевдонимите „Боб“ или „Боб Беол“.CLARA KATHARINA POLLACZEK – ARTHUR SCHNITZLER UND ICH. DIGITAL EDITION

Покрај тоа, таа им е позната на книжевните критичари по нејзината врска со познатиот писател Артур Шницлер чиј животен партнер била помеѓу 1923 и неговата смрт во 1931 година.

Надарена и образована, на 19 години почнала да пишува, користејќи машки псевдоними. Во април 1897 година „Мими: Силуети од животот на една девојка“ („Mimi. Schattenbilder aus einem Mädchenleben“) се појавило во книжевното списание Германски рундшау, што му се припишало на писател кој го користел псевдонимот Боб Хофманштал и предговоро на Хуго фон Хофманштал. Мими била претставена како женски пандан на ликот на Артур Шницлер. Ова нејзино дело доживеало голем успех. Главниот мотив во делото е срамежлива девојка која се преораззува во самоуверена жена која сака, сака да ужива во животот критикувајќи ги нејзините родители кога тие се обидуваат да ѝ изберат сопруг. Објавувањето на Мими, во книжевното списание предизвикало расправии во семејството, а Хуго фон Хофманстал бил повикан да интервенира кај издавачите со цел да се спречи објавувањето на книгата.CLARA KATHARINA POLLACZEK

Живот Клара Лоеб била родена во семејство на интелектуални секуларни Евреи во Виена, каде што пораснала заедно со нејзините двајца браќа Алфред и Ото и нејзината сестра Ана. Дедото бил текстилен магнат кој произведувал облека за хабсбуршките војски за време на Наполеоновите војни. Семејството било богато и додека таа растела, биле често на одмор во Бад Ишл.

И покрај бунтовничките тенденции забележани во „Мими“, Клара се потчинила на желбите на нејзините родители поради што се откажала од пишувањето и се омажила. Нејзиниот сопруг, Ото Полачек, бил наследник на најголемиот продавач на големо на кожа во Хабсбуршкото Царство.

Нејзиниот брак пропаднал, а за да го издржува семејството, во 1924 година се вратила на пишувањето, работејќи и како преведувач. Во текот на 1920-тите и 1930-тите таа објавила раскази, новели и песни во престижниот Нов слободен печат(дневен весник), како и неколку романи.

Австрија била анектирана во Германија во 1938 година. Поради нацистите Клара Катарина Полачек била прогонета. Преживеела благодарение на поседувањето на чехословачки пасош, стекнат како во бракот со Полачек. Два дена откако германските војници биле во Виена, таа преминала во Прага каде што живеела некое време. Кога, во 1939 година, Германците ја окупирале Чехословачка, таа заминала кај пријателите во Швајцарија. Таму останала добивајќи финансиска поддршка од роднините, до крајот на војна во 1945 година.

По војната, сите нејзини книжевни пријатели со кои соработувала пред 1938 година биле мртви или трајно емигрирале. Три години подоцна, во 1951 година, таа починала по долго боледување за кое, по нејзината смрт, било откриено дека дотогаш бил недијагностициран рак.CLARA KATHARINA POLLACZEK

Семејни трагедии Постариот син на Клара, Херман, емигрирал преку Хамбург во Аргентина во 1931 година. Нејзиниот помлад син, Карл, бил лекар. Тој бил заробен од Гестапо, но ослободен. Со сопругата и ќерката, на 20 јуни 1938 година побегнал во Швајцарија, од каде што тргнал кон Велика Британија каде што го променил своето име во Кари Поле. Објавил автобиографија во 1982 година, со наслов „Две половини од животот“.

Артур Шницлер Клара Леб го запознала Артур Шницлер во 1896 година за време на новогодишната забава одржана во куќата на нејзините родители. Меѓу гостите биле водечки уметнички и книжевни личности од тоа време. Таа го запознала и Хуго фон Хофманштал и двајцата ја охрабрувале да ги продолжи своите литературни амбиции. Шницлер подоцна ја опишал во својот дневник како „драгата малечка со големи очи“.

По смртта на нејзиниот сопруг во 1908 година таа стапила во поблиска врска со Шницлер. Помеѓу 1923 година и смртта на Шницлер во 1931 година, тие биле во врска.

Избор Освен каде што е поинаку наведено, приказните и театарските дела, како и некои од песните се објавени во Ноје фраје пресе

Театарски дела

Мими. Слики во сенка од животот на една девојка, секвенца од сцени со предговор на Хуго фон Хофманштал. Во: Neue Deutsche Rundschau, 1 април 1897 година, стр. 396–413. Препечатено во: Хансјорг Граф (уред.): Малиот салон. Сцени и проза од виенскиот fin de siècle. Со илустрации од Густав Климт. Хенри-Говертс-Верлаг, Штутгарт 1970, , стр. 231-268 Редут' во еден чин (1926) Дама Драма (1930)

Романи

Помеѓу поколенијата (1920) Наклонот''' (1924) Дете на љубовта. Во: Ној Винер Тагблат 1926 г. Убавината на Констанзе (1929) Подемот (1929) Ќерката на куќата (1929) Помеѓу генерациите (1930) Мајки (1931) Помеѓу генерациите (1933)

Новели и раскази

Прошталната забава на Сибил Еугерт (1924) Смртта на грофицата Анастасија (1925) Вечниот студент (1925) Девојка за сè (1926) Убиство (1927) Ќерката на куќата (1929) Госпоѓицата од Кордеј д`Армон (1931) The Chain (1932)

Поезија

Вечер (1926) По зајдисонце (1927) Знаење за смртта (1928) Во авионот/Лет за двајца (1929) Прошетка по меморија (Колиба) 1933) Неговата соба (1934) Песни на љубовта. Европска издавачка куќа, Виена, Лајпциг 1936 г

Превод

Пол Жералди: Јас и ти (Toi et moi). Песни од француски препишани од Клара Катарина Полачек, Золнај Верлаг, Виена 1927 г.

Мемоари

Артур Шницлер и јас'', 1896–1931, Том 1-3 необјавени писма (се верува дека била наменета за објавување). Виена 1931–1932

Наводи

Категорија:Австриски писателки од 19 век Категорија:Австриски писателки од 20 век Категорија:Писатели од Виена Категорија:Еврејски емигранти од Австрија по аншлусот Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Починати во 1951 година Категорија:Еврејски писателки Категорија:Писатели од Австроунгарија