Нино Шалвовна Рамишвили (грузиски: ნინო შალვას ასული რამიშვილი; 19 јануари 1910 – 6 септември 2000 година) — советска и грузиска балетанка, кореограф и ко-основач на Сухишвилскиот грузиски национален балет. Таа била одликувана како Народен уметник на СССР (1963) и Херој на социјалистичкиот труд (1990).
Кариера Од 1922 до 1927 година, Рамишвили студирала во балетското училиште на Марија Перини во Тбилиси.
Од 1927 до 1936 година таа била солистка во Палиашвилскиот балетски театар, каде настапувала во продукциите на Абесалом и Етери, Даиси, Приказната за Шота Руставели, Кето и Коте и Цисана.
Во 1945 година, заедно со нејзиниот сопруг Илико Сухишвили, Рамишвили го основала Сухишвилскиот грузиски национален балет, првично наречен Грузиска државна танцова компанија, каде што била солист и учителка по танц до 1972 година.
Во 1972 година, таа станала главен кореограф на Сухишвилскиот грузиски национален балет.
Грузискиот национален балет бил пофалуван од многу познати светски импресарија и компании. Грузискиот национален балет настапувал во Алберт Хол, Колосеумот, Метрополитанската опера, Медисон Сквер и десетици познати места. Во 1967 година, тие настапиле и во Ла Скала, а тоа било првиот и единствен пат фолклорна група да добие шанса да настапи таму. Завесата била крената 14 пати, што претставувало рекорд. Костимите биле дизајнирани од Симон (Солико) Вирсалаѕе (1908-1989).
Наводи
Надворешни врски
Судьба красоты — Нино Рамишвили Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Народни уметници на СССР Категорија:Херои на социјалистичкиот труд Категорија:Починати во 2000 година Категорија:Родени во 1910 година