мини| При добивање награда во 2010 г. Андроула Христофиду Енрикес (грчки: Ανδρούλα Χριστοφίδου Ενρίκες; родена 1936 година) — кипарска активистка која води кампања против трговијата со луѓе.

Животопис Андрула била родена во Никозија во 1936 година. Студирала развојна психологија во Женева и работела кај Жан Пијаже на Универзитетот во Женева. Напишала три книги за теориите на Жан Пјаже во педагогијата.

Активизам Таа создала своја сопствена мрежа против трговија со луѓе, Cyprus Stop Trafficking. Таа била претседател на организацијата од 2012 година додека не поднела оставка во 2018 година. Таа, исто така, лобирала владата на Кипар да преземе мерки за запирање на трговијата со луѓе. Нејзината мрежа организирала конференција за борба против трговијата со луѓе во Кипар во 2008 година, на која присуствувале говорници од САД и ЕУ, како и претставници на полицијата, Претставничкиот дом, Канцеларијата на јавниот обвинител, кипарско-турската заедница, неколку невладини организации и многу новинари. Таа, исто така, им помагала на жртвите на трговија со луѓе, дозволувајќи им да останат во нејзиниот дом додека се подготвувале да сведочат на суд против оние кои ги држеле како сексуални робови. Таа има објавено пет книги за трговијата со луѓе.

Личен живот Андрула е мажена за Португалец и има две деца. Животот го поминува меѓу Швајцарија и Кипар.

Награди и признанија Таа во 2010 година ја добила Меѓународната награда за храбри жени. Во 2012 година била назначена во рангот на командант во Националниот орден за заслуги од страна на францускиот амбасадор во Кипар, Жан-Лук Флоран.. famagusta-gazette.com. Archived from the original on 2014-09-03. Retrieved 2014-09-01.

Публикации Енрикес, A. (1990). Експерименти во наставата. Во: Duckworth, E., Easley, J., Hawkins, D. and Henriques, A. (eds.). Научно образование: Внимателен пристап за основните години. Хилсдејл, Њу Џерси: Лоренс Ерлбаум Ашосијетс

Наводи

Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Дејци Категорија:Кипрани