Ромската книжевност е литература напишана од страна на Роми. Во недостаток на дефиниции во јазична терминологија, етничкиот критериум и понатаму се зема како најсигурна дефиниција за оваа тема, затоа се зема дека ромска литература е онаа литература која е напишана од страна на ромските писатели и поети на јазикот на земјата во која живеат.
Историја и јазик По вековната традиција на усно пренесување, дури во дваесетиот век, Ромите почнале да пишуваат литературни дела. Писателите се распространети во многу делови од светот и делата се напишани на многу светски јазици. Само мал дел пишуваат на ромски јазик, а во недостаток на стандардизиран јазик, тие го користат дијалектот на ромскиот јазик кој се употребува на просторот каде што живеат. Исто така, покрај посебен дијалект, честопати користат и поинакви писма, особено латиница и кирилица. Имајќи го тоа во предвид, не постои цврст литературен канон.
Познати автори и жанрови Иако сè уште е млада, ромската литература произвела многу значајни автори, и тоа:
Писатели
Матео Максимоф (1917-2003) Алија „Али“ Красниќи (1952- ) Александер Германо (1893-1955) Мењихерт Лакатош (1926–2007) Роналд Ли (1934-)
Писатели на новели
Бронислава Вајс (1909-1987), Мариела Мехр (1947-) Јован Николиќ (1955- )
Поети
Иван Ром-Лебедев (1903-1989)
Најзначајни автори се Матео Максимоф и Валдемар Калинин, кои ја превеле Библијата на ромски јазик, како и Мухарем Сербезовски, кој го превел Куранот.
Наводи
Надворешни врски
Европската ромска библиотека и циганите во литературата Подемот на пишаната литература кај Ромите Категорија:Книжевност Категорија:Ромска култура Категорија:Ромска книжевност